Каква иднина за Косово?
27 мај 2005�и го сопираат економскиот развој.
Соединетите Американски Држави притискаат подеднакво како и генералниот секретар на Обединетите нации Кофи Анан: кога и да е во наредните месеци треба да започнат конкретни преговори за идниот статус на Косово, а најдоцна до крајот на 2006 треба да водат до конечен резултат, иако се уште никој не знае каков треба да биде. Меѓународната заедница е согласна само за тоа што не го сака: нема враќање на покраината под директна валст на Белград, нема поделба, нема приклучување кон Албанија и нема целосен суверенитет. Тоа пак, го посакува владата на Косово. Портпаролот на премиерот Бајрам Косуми токму тоа еуфорично го најави во едно интервју:„Во идната година во ова време Косово ќе биде независно„.
Обединетите нации постојано подвлекуваа дека пред преговорите за статусот на покраината мора да биде гарантирано исполнувањето на основите стандарди: функционален полициски и судски систем, на пример, и почитување на правата на етничките малцинства. Според српската страна за тоа и натаму не може да стане збор. Владата во Белград укажува дека можна независност на Косово би можела да ги дестабилизира соседните држави Босна и Херцеговина и Македонија, бидејќи тамошните народносни групи би можеле да побараат исти права, какви што во овој слуачј би добиле косовските Албанци.
Како би изгледало решение врз ваква основа, а со кое би биле согласни и двете страни, останува неизвесно. Меѓутоа, без јасно решение за политичкиот статус не може да се смета на економски напредок од поголеми размери. Во УНМИК за ова прашање од неодмана е одговорен еден Германец: Јоахим Рикер. Тој знае што му недостига на Косово:
„Странските инвеститори секако ги посматраат политичките рамки и велат дека станува збор за нешто што се уште не е јасно. Нешто е веќе инвестирано, но тоа не е доволно„.
Тој вели дека Косово би можело да има поволни економски перспективи зашто, меѓу другото, лежи врз најголемите наоѓалишта на кафен јаглен во цела Европа:
„Прво, јагленот е со дневен коп, што може да биде претворен во струја на самото место, па Косово многу бргу би можело да извезува струја, а не да увезува како сега. Второ, Косово има традиција со железната руда и цинкот за што има интерес кај странските инвеститори.
Рикер зборува за можни приходи од милијарди, но првенствено важи дека се потребни стабилни политички рамки.