1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Истрели кај Белата куќа – Трамп прекина прес-конференција

ЖА
11 август 2020

Поради инцидент во близина на Белата куќа во Вашингтон, американскиот претседател Доналд Трамп мораше да прекине брифинг со новинарите. Причина биле истрели надвор од објектот.

https://p.dw.com/p/3glru
Washington White House Schüsse Evakuierung Trump
Фотографија: Getty Images/AFP/B. Smialowski

Службеник од обезбедувањето му шепнал неколку зборови на уво на Донад Трамп, по што американскиот претседател ја напуштил прес-конференцијата. Пред да замине соопштил дека Службата за безбедност пукала во вооружено лице надвор од Белата куќа и ранетиот се наоѓа на пат во болница.

Доналд Трампбил префрлен во Овалната соба, а претседателот изрече потоа бројни пофални зборови за луѓето од своето обезбедување. Кратко потоа тој се врати и ја продолжил прес-конференцијата. За време на отсуството на Трамп, новинарите биле заклучени во просторијата.

Идентитетот и мотивите на 51-годишниот човек кој е повреден со истрел во градите засега не се познати. Трампизјавил дека инцидентот веројатно немал никаква врска со него.

За време на претседателскиот мандат на Доналд Трамп политичките тензии во земјата бележат силно зголемување. На 3. ноември, за помалку од три мсеци, ќе бидат одржани претседателските избори на кои Трамп се кандидира за втор мандат.