1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Истрага на причините за смртоносниот инцидент во Мали

СН/ агенции
27 јули 2017

По смртта на двајца војници на германскиот Бундесвер во служба на ОН при уривањето на хеликоптер во африканската земја Мали во фокусот е прашањето за причините за инцидентот.

https://p.dw.com/p/2hDJa
Mali - Kampfhubschrauber Tiger in Gao
Фотографија: picture-alliance/Bundeswehr/M. Tessensohn

Двајца германски мировници загинаа во Мали откако хеликоптер на мисијата на ОН вчера се урна во пустина на северот на земјата, 70 километри од местото Гао.

Претставникот на ОН Фархан Хак рече оти и припадниците на мисијата сѐ уште ги утврдуваат деталите и причините за уривањето на хеликоптерот од типот „Тигар“. Хак рече дека местото каде што се урнал хеликоптерот мора да биде обезбедено пред да пристапи персонал, поради конфликтот со радикалните џихадисти во оваа област. Технички проблеми, човечка преоптовареност или непријателско соборување? Тим на експерти на Бундесверот се упати во Мали за да помогне во истрагата. Досега меѓутоа нема индиции дека хелокоптерот бил соборен.

Bundesverteidigungsministerin Ursula von der Leyen zu Hubschrauberabsturz in Mali
Германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лајен Фотографија: picture alliance/dpa/B. Pedersen

Германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лајен истакна дека смртта на двајцата војници во служба на татковината длабоко погодува и бесконечно растажува. Германија во моментов има 875 војници во мисијата на ОН во Мали, додека 134 германски војници се дел од мисијата на ЕУ во Мали. Мисијата на ОН во Мали загуби најмногу припадници од сите активни мисии на ОН.

Мисијата на ОН работи на стабилизирање во Мали по француската интервенција во 2013 година, со која се отстранети од власт џихадистите од градовите на северот на земјата.

Екстремистите претходно започнаа вооружен бунт и зазедоа делови од Мали по сепаратистичкиот бунт во северниот дел на земјата во 2012 година, кој набрзо доведе до воен удар и соборување на поранешниот претседател на државата.

Mali - Kampfhubschrauber Tiger in Gao
Фотографија: picture-alliance/Bundeswehr/M. Tessensohn

Џихадистите и по соборувањето од власт во 2013 година останаа активни во регионот и често вршат напади врз војниците на Мали и на Франција, како и врз припадниците на трупите на ОН.

Шефот на мировната мисија на ОН во Мали, Жан-Пјер Лакроа, претходно годинава предупреди оти безбедносната ситуација во земјата е алармантна и дека екстремистички групи на Ал Каеда изведуваат пософистицирани напади.