1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Исламска држава презеде одговорност за нападите во Париз

ЖА/дпа/афп/ртре14 ноември 2015

Исламска држава ја презеде одговорноста за вчерашните напади во Париз преку соопштение објавено на интернет. Нападите се дело на екстремистичката милиција ИД, изјави претходно францускиот претседател Франсоа Оланд.

https://p.dw.com/p/1H5jw
Фотографија: Reuters/S. de Sakutin

Исламска држава ја презеде одговорноста за вчерашните напади во Париз преку соопштение објавено на интернет.

Претходно, францускиот претседател Франсоа Оланд денеска изјави дека терористичките напади во Париз биле организирани однадвор, со помош на лица во Франција. Тие одат на контото на терористичката група Исламска држава. Истрагата треба да го разјасни учеството на помошници и соучесници во Франција. „Преземени се сите мерки заради заштита на нашите граѓани и нашата државна територија“, истакна Оланд. Во земјата е прогласена тридневна жалост, а за в понеделник претседателoт на државата свика вонредна седница на Конгресот, односно двата дома на Парламентот.

Infografik Karte Anschläge in Paris Deutsch
Мапа на нападите во Париз

Париз во петокот вечерта беше потресен од досега невидена серија напади. На шест места во француската метропола бил активиран експлозив од страна на атентатори или било пукано во луѓе. Загинале осуммина напаѓачи. Нејасно е дали има се‘ уште атентатори кои се наоѓаат во бегство. Според досегашните официјални информации, вкупно се убиени 127 лица.

Во рамките на борбата против џихадистичката милиција, Франција врши воздушни напади во Сирија и во Ирак и со тоа го навлече врз себе гневот и омразата на радикалните исламисти. Франција во септември 2014 година се приклучи кон алијансата предводена од САД во борбата против ИД и бомбардираше цели прво во Ирак, а потоа и во Сирија.