1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Исламска држава е закана и за Германија

У.Бауер/сн1 јули 2015

Самонаречената Исламска држава на долг рок е закана и за Германија, предупредуваат безбедносните власти. Во актуелниот извештај, Службата за заштита на уставниот поредок во исламскиот тероризам гледа најголема опасност.

https://p.dw.com/p/1FrCQ
Фотографија: picture-alliance/dpa/ Internet

Во понеделникот министерот за внатрешни работи Томас де Мезие им оддаваше почит на жртвите од терористичките напади во летувалиштето Сус во Тунис. Во Берлин вчера министерот за внатрешни работи и шефот на Службата за заштита на уставниот поредок во еден глас порачаа: таков напад е можен и во Германија. Потенцијални исламистички атентатори има се’ повеќе.

„Ги има повеќе од 300, највисока бројка која некогаш сме ја имале“, рече министерот Де Мезие.

Повеќе за оваа тема во следново видео:

Исламистичкиот тероризам- најголема опасност за Германија

Во фокусот на иследниците во прв ред се Германци како Денис Кусперт, кои се борат за Исламска држава во Сирија и некогаш ќе се вратат во Германија. Младите муслимани не се радикализираат првенствено преку пропаганда на интернет, туку преку лични контакти, на пример, со радикални исламистички салафисти. Нивните следбеници ја достигнаа бројката од 7000, досега највисоко ниво.

Министерот за внатрешни работи Томас де Мезие исто така е загрижен и поради растечкиот број напади врз сместувалиштата за барателите на азил . 170 биле во минатата година, 150 се веќе во првата половина на оваа година. Последниот се случи во местото Мајсен во германската сојузна покраина Саксонија.

„Мора да биде јасно: секој барател на азил, секој бегалец кој доаѓа тука и живее, има право на безбеден и незагрозен живот. Тоа никој не може да го доведе во прашање", порача Де Мезие.

Позитивно во целата работа е дека од протестите против сместувалиштата за барателите на азил, според Службата за заштита на уставниот поредок, ултра-десничарските партии како НПД не можат да извлечат полза.