1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Трупи на ЕУ во БиХ?

ЕМФ/бета9 февруари 2014

Високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ, Валентин Инцко, оцени дека доколку ситуацијата во земјата ескалира, ќе треба да се размислува и за ангажирање трупи на ЕУ.

https://p.dw.com/p/1B5im
Фотографија: dapd

„Во вторник (11 февруари) ќе ја разгледаме ситуацијата во БиХ во меѓународниот управувачки одбор. Австрија ќе го зголеми бројот на своите војници во Босна. Ако состојбата ескалира, ќе мораме евентуално да размислуваме за трупи на ЕУ. Меѓутоа, сега не“, изјави Валентин Инцко за виенскиот весник „Курир“.

Тој смета дека сегашната состојба во Босна и Херцеговина е најлоша по завршувањето на војната, односно од Дејтонскиот договор склучен во 1995 година. Инцко заклучува дека протестите во БиХ се оправдани и дека до незадоволство на граѓаните посебно довела социјалната нерамноправност во земјата.

Според нгеовите зборови, делумна причина за хаосот е и „државната конструкција во БиХ, која не функционира“:

„Дејтонскиот договор беше мировен договор кој беше многу успешен. Но, како уставен договор, тој е премногу компликуван. Во федерацијата БиХ има 11 влади, 11 премиери, 11 министри за внатрешни работи. Тоа е неефикасно и прескапо“, оценува Инцко и додава дека покрај сето тоа, корупцијата и организираниот криминал се проблем на целиот Балкан.

Според Високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ, ЕУ ќе мора засилено да се залага за повеќе правна држава во регионот и дека граѓаните тоа го очекуваат.