1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Интервјуто на Иванов е порака до сопствениот народ

Кај-Александер Шолц/ Нина Веркхојзер12 март 2016

Германски експерти и политичари сметаат дека поентата на интервјуто на македонскиот претседател Иванов за весникот „Билд“ е да се девалвира критиката на ЕУ кон владата и ситуацијата во Македонија.

https://p.dw.com/p/1IC79
Фотографија: MIA

Покрај официјален Берлин и други германски експерти и политичари не можат да ги разберат острите критики на македонскиот претседател изразени во интервјуто за весникот „Билд“ дека Европската Унија и Германија ја оставиле на цедило Македонија во бегалската криза и оти Берлин одбивал соработка со Скопје за безбедносните прашања поврзани со големиот прилив на мигранти. Тие во обвинувањата на Иванов повеќе гледаат пораки за домашна употреба, со оглед на актуелните состојби во Македонија на внатрешно политички план.

„Интервјуто е јасно насочено кон внатрешната политика во Македонија", оценува Екарт Штратеншулте, претседател на Европската академија во Берлин. Македонската влада е под огромен притисок од страна ЕУ, да спроведе предвремени демократски парламентарни избори, чие оддржување на 24 април еднаш веќе беше одложено, вели за Дојче Веле овој германски експерт за Балканот. „Поентата е да се дискредитира ЕУ и да се девалвира нејзината критика кон владата и ситуацијата во Македонија."Обвинувањата на опозицијата за корумпираност на владата доведе до повеќемесечен внатрешно-политички ќор-сокак, сѐ додека премиерот Никола Груевски, кој е на власт од 2006. година, не поднесе оставка во јануари годинава. Од претседателските и парламентарните избори на 27. април 2014. година наваму, опозициската партија СДСМ ја бојкотираше работата на парламентот. Тој бојкот заврши на 1. септември, 2015 година.

„Однесувањето на г-динот Иванов мора да се гледа низ призмата на катастрофалната македонска внатрешна политика", се согласува и политичарот на германската Социјал-демократска партија (СПД) Јосип Јуратовиќ, известувач за Југоисточна Европа во Комитетот за надворешни работи на Бундестагот. „Со едно такво интервју г-динот Иванов во својата земја се претставува како силен човек ", изјави за Дојче Веле познавачот на Македонија. Јуратовиќ, истотака, смета дека обвинувањата за недостаток на помош за Македонија во бегалската криза не се оправдани. Германија ја поддржува Македонија во кризата, финансиски и со практично знаење.

Критиката делумно оправдана

Иако експертот за Балкан , Штратеншулте ја смета дикцијата на интервјуто за "несоодветна" , тој има разбирање за две критики. Навистина,какошто вели, некои членки на ЕУ во моментов ја остават Македонија да се справи со задачата за заштита границите на ЕУ. „Ова е резултат на Балканска конференција на 24. февруари, на која не беа поканети Германија и Грција, но Македонија зеде учество", вели Шратеншулте за Дојче веле. За зголемување на фрустрацијата кај Македонците, истотака, според овој експерт за Балканот, придонесува и фактот дека Европската комисија од 2009 година наваму иако препорачаува почеток на пристапните преговори со Македонија, процесот едвам и да се придвижува. Една од причините за тоа е блокадата од Грција, на која ѝ пречи употреба на името „Македонија", но обидите за надминување на спорот за името досега се без успех.