1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Името- отворен услов за НАТО

Силвера Падори8 ноември 2007

Шефот на грчката дипломатија Дора Бакојани по разговорите со својот германски колега Франк Валтер Штајнмаер , добрите меѓусоседски односи и името ги посочи како услов за членство на Македонија во Алијансата

https://p.dw.com/p/C5IU
Шефот на германската дипломатија Штајнмаер ја знае чувствителноста на обете страни околу проблемот со иметоФотографија: AP

“Ако вистински сме позитивно настроени кон Европа и Алијансата, мислам дека е многу важно за целиот регион овој проблем, кој е стар, да се надмине. Една Алијанса бара добри меѓусоседски односи. Без добри меѓусоседски односи нема Алијанса! ”- ова синоќа го порача грчката министерка Дора Бакојанис по разговорите во Берлин со својот германски колега Франк Валтер Штајнмаер. Бакојанис, која по Лондон во Берлин ја имаше втората станица на лобирање во спорот околу името со Република Македонија, уште еднаш истакна дека грчката страна е отворена за разговори и дискусии и изнаоѓање решение прифатливо за дете страни.

Дали е целисходно Македонија да не ја добие ветената покана за членство во НАТО наредната пролет само заради проблемот со името герм,анскиот министер со ставот:

“За новите членки на НАТО донесуваме едногласни одлуки. Ова нема да се смени ни во овој случај. Дознавме дека расправата со името за Грција е толку значајна поради што е подготвена и да го услови члентвото во НАТО. На другите земји не им останува ништо друго освен ова да го примат на знаење и да се надеваат дека започнатите преговори ќе доведат до решение“

Дали пак Германија ја поддржува Грција во спорот со името министерот Штајнмаер, кој инаку ниту еднаш не го спомена ни уставното име на Македонија , ниту кратенката која ја користеше грчката минситерка воздржано одговори дека е долго во политиката и знае колку спорот е сериозен. Ја познава и чувствителноста на двете страни.Бакојанис го информиеала за дедените предлози во разговорите и тој посака тие да се успешни.