1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Има ли шанси за решение на проблемот Косово!?

13 август 2007

Почетокот на новата фаза од преговорите за идниот статус на Косово и шансите за решение се тема на анализи и коментари во германските дневни весници. Пренесуваме дел од пишувањата

https://p.dw.com/p/BU2K

Весникот “Ди Велт“ во коментарот под наслов “Преговарачката тројка веќе не исклучува поделба на Косово“ забележува:

“ Ние не сакаме 120 денови преговори за нешто што е невозможно“ Со овие зборови косовскиот премиер Агим Чеку на викендот во Приштина ја дочека меѓународната тројка. Големи шанси за постигнување на договор веќе не гледаат ниту западните дипломати. Пред се и заради фактот што американците соопштија дека по 10 декември веќе не сакаат да преговараат. Вашингтон веќе сигнализираше дека прогласувањето независност може да се случи и без согласност на ОН. Рускиот претставник во преговарачката тројка меѓутоа го повтори познатиот став на Москва, дека нема решение без согласност на ОН“

Весникот “Зиддојче Цајтунг во коментарот забележува:

“ Новата рунда преговори само ја одложува основната одлука, да се пирзнае или не независноста на Косово? Ако некогаш некоја политичка мисија однапред била залудна, тогаш тоа е најновиот круг преговори за иднината на покраината. Дури ни идеалистите не очекуваат дека србите и албанците сега ќе можат да најдат решение за вековниот проблем. Косовскиот проблем не може да се реши со дипломатска умешност, без разлика дали преговорите ќе траат 120 денови, две или дваесет години. Косовскиот јазол може да се реши само со храбра одлука на западот, а таа може да биде само независност набљудувана од страна на ЕУ“ коментира “Зиддојче Цајтунг“

Весникот “Ноје Оснабрикер Цајтунг“ со следниот став:

“ Патот кон иднината го отвара само европско решение за Косово: Временски ограничен период на набљудување од страна на ЕУ, перспектива за прием во Унијата за Косово и за Србија. Тоа го сакаат Американците и Русите, но пред се мнозинството косовски албанци и срби. Најголемата пречка во целиот процес е самата ЕУ. Заморени од проширувањето многумина европејци сметаат дека трошоците за прием се поголеми од цената за западен Балкан кој би останал жариште на фанатизам, сиромаштија и криминал. Меѓутоа тоа е погрешма пресметка“ предупредува во коментарот весникот “Ноје Оснабрикер Цајтунг“