1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Изборите нема да имаат реперкусии врз Косово

21 јануари 2008

Претседателските избори во Србија ги посматраме како избори во соседна земја, е основниот тенор во првите реакции на Косово за исходот на првиот круг.

https://p.dw.com/p/CvUA
Косовските Албанци спокојно ја посматраат претседателската битка во СрбијаФотографија: Refki Alija

Портпаролот на претседателот на Косово Фатмир Сејдиу, Фатмир Беќири со коментар:

„Како што знаете граѓаните и институциите на Косово многупати досега ја потврдија својата волја за независно Косово. За среќа сега и меѓународната заедница ја поддржува таа опција, како единствено стабилно и долгорочно решение што ќе доснесе мир и стабилност во регионот„.

Резултатите од изборите се очекувани, вели аналитичарот Илир Дуголи. Според неговите зборови, во вториот круг како и на претходните избори, ќе победи актуелниот претседател Борис Тадиќ:

„Причините поради кои не гледам никакви реперкусии за Косово се во фактот што Тадиќ досега се покажа како нерешителен и неспособен за своите ставови да ги придобие другите. Од името на националното единство, тој своите позиции постојано му ги препушташе на премиерот Восилав Коштуница кој денес е главниот политички актер во Србија„.

За Оливер Ивановиќ, политички лидер на Србите на Косово, големиот одзив на изборите во Србија е изненадување. Според него, ако таквиот одзив се повтори и во вториот круг, лесно може да се случи да победи кандидатот на радикалите Томислав Николиќ:

„Во секој случај, целиот регион треба да покаже интерес за изборите во Србија, што всушност и се случува. Со Тадиќ е јасна и сигурна европската перспектива, а со него е јасно и сигурно решавањето на косовскиот проблем. Во спротивно, страхувам дека веднаш ќе настапи криза и ќе биде отворено прашањето на Република Српска„, смета Ивановиќ.