1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Изборите на Косово течат без инциденти

17 ноември 2007

Од мисијата на ОБСЕ соопштија дека гласањето на Косово се одвива без проблеми. Лидерот на ОРА, Сурои кој гласаше меѓу првите ги повика граѓаните што помасовно да излезат на гласање. Србите засега го бојкотираат гласањето

https://p.dw.com/p/CILX
Според анкетите Тачи има најголеми шанси за победаФотографија: AP

Од мисијата на ОБСЕ соопштија дека гласањето на Косово се одвива без проблеми. Одредени потешкотии имало при отворањето на неколку гласачки места во кои не се појавиле изборните комисии но тие потоа биле заменети со други лица. Според ОБСЕ, претставниците на српското малцинство како и што најавија за сега ги бојкотираат изборите.

Денешните избори на Косово се многу важни изјави лидерот на ОРА, Ветон Сурои. Ги повика граѓаните да излезат во што поголем бр ој. Сурои е меѓу првите косовски лидери кои утринава излезе на гласање на парламентарните и локални избори.

„Важно е граѓаните да гласат во што поголем број не само поради оние на кои треба да им го дадат гласот. Денешното гласање е важно за Косово бидејќи ја покажува зрелоста на косовскиот народ, покажува дека сме во состојба и во моментите кога се одлучува за статусот, да организираме избори“, рече Сурои откако го уфрли гласачкото ливче на гласачкото место во Приштина. Тој додаде дека денешните избори треба да покажат дека косовскиот народ сака демократија и регуларни институции“.

Изборните резултати ќе се објават утре

Инаку денеска точно во седум часот, шефот на мисијата на ОБСЕ и претседателот на Централната изборна комисија Тим Гилдман со уфрлање на гласачко ливче го означи официјалниот почеток на изборите. Право на глас имаат 1,5 милиони луѓе. Изборните места ќе бидат отворени до 19 часот. Резултатите се очекуваат утре. На изборите се пријавени 25 партии, од кои 14 се на претставници на малцинствата. Според анкетите главната битка ќе ја водат опозиционата ДПК на Хашим Тачи и владејачкиот Демократски сојуз на Косово. Какви шанси имаат партиите анализира Есад Ахмети.