1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Изборите во Авганистан, фер и демократски?

11 октомври 2004

Првите претседателски избори во Авганистан, оценети како подносливо демократски и забележаните неправилности за време на гласањето, се тема на коментарите во денешните германски весници.

https://p.dw.com/p/AeFQ

"Франкфуртер Алгемајне цајтунг" за изборите во Авганистан пишува:

"Недовербата, изразена уште на самиот ден на изборите не беше насочена кон самиот процес, туку кон оној кој на нив веројатно победи, преодниот претседател Хамид Карзаи, како и против најголемото богатство на Авганистан за кое на ова гласање се одлучуваше, легитимитетот на властите во Кабул, кој и по инаугурацијата на Карзаи сигурно ќе се смета за наметнат однадвор, од западот, пишува овој весник. Претседателскиот систем кој Карзаи го воведе, читаме натаму во "Франкфуртер Алгемајне Цајтунг" и после изборите во најдобар во случај ќе изгледаат онака како што пред нив делуваше кабинетската дипломатија чија основна цел беше Таџиките, Паштунците, Хазарите и Муџахедините, исламистите и либералите на толку вешт и интригрантен начин да ги поврзат, така што оние кои со неадоволство ќе ја прифатат идната власт нема да имаат причина од неа да стравуваат, пишува "Франкфуртер Алгемајне Цајтунг"

"Зидојче Цајтунг" на истата тема пишува:

"Проблемите на бирачките места секако преставуваат разочарување за авганистанците кои со големо воодушевување влегоа во демократските процеси. Чекаа во редови во градовите, дојдени од најодалечените делови во земјата, за прв пат во животот да можат да одлучат за иднината на својата држава. Нивниот ентузијазам не смееше да биде изигран, бидејќи токму заради таквите работи во Авганистан и се создаваат теории на завера, констатира "Зидојче Цајтунг" во денешниот број, додавајќи дека од почетокот беше јасно дека овие избори нема да бидат ништо повеќе од приближување кон демократијата. По 25 години војна, градењето цивилни структури е макотрпна и долготрајна работа. Доколку се мери по западен терк, заради нестабилноста во земјата воопшто не смееш да бидат одржани. Да ли изборите беа фер? Во такви услови судењето по ова е само однос на добивка и загуба. Во случајов важи девизата, демократија е кога и покрај се се оди натаму, пишува во коментарот во денешниот број на "Зидојче цајтунг"

Весникот "Велт" потсетува дека Обединетите нации имаа речиси три години за подготовка на овие историски избори:

"Трошоците изнесуваа 200 милиони долари, но на крај остана само бламажата. ОН потребниот легитимитет на новиот претседател го поткопаа со чиста дилетантска грешка, констатира овој весник. Дури и да биде прогласен Хамид Карзаи за победник, како што се очекува, тоа ќе биде слаб претседателски мандат за претседателот на кој и досега му недостасуваше авторитет. Повторно ќе мора да стапува во сојузи и несакани алијанси за да може да владее со својата поделена држава. Повторно ќе му биде потребна заштита однадвор, констатира весникот "Велт"

Според "Франкфуртер Рундшау" демократијата е процес на учење. Значи, за време на наредното гласање демократската процедура сигурно би можела да се подобри. Но демократијата, иако тоа Западот денеска тешко може да го разбере, е вистински потфат. По децениска граѓанска војна, за мнозинството авганистанци овие избори не беа разбирливи. Затоа се туркаа кон гласачките кутии. Поттикнати од желбата за слобода, гласањето го сватија како воспоставување темели за нова иднина.

Демократијата, пишува овој весник, е мерка на степенот на цивилизираност на општеството. Во тој процес на учење, политичките прилики можат да бидат загрозени, на пример, со меѓусебната конкуренција на нелигитимните владетели и господарите на војната. Гледано од тој агол, демократијата и за граѓаните на Авганистан пред се е предизвик, закључува "Франкфуртер Рундшау"