1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Иднината на Косово се одлучува пред се’ во Европа

Андреас Мајер Фајс 2 септември 2007

Идниот статус на српската покраината Косово останува чувствителна политичка тема. Ова го покажа и Балканската турнеја на германскиот министер за одбрана, Јунг. На потег се Европејците. Андреас Мајер Фајс коментира.

https://p.dw.com/p/BafK
Војници на КФОР на КосовоФотографија: AP

Иднината на Косово се одлучува во Приштина и во Белград но се одлучува пред се’ и во Европа. Се додека Европската унија не заземе јасен став за иднината на јужната српска покраина, конфликтот нема да може да се реши. Американците и Русите заземаа јасни позиции, во Европа таа болно недостасува. Поставувањето на германскиот командант Роланд Катер на чело на меѓународните трупи во Косово ги покажа дефицитите. Јавно и јасно се зборуваше за големите очекувања кога стапи на должност пред една година, 12 месеци подоцна билансот е отрезнувачки. Нема напредок во барањето на компромис.

Луѓето сеуште живеат во една правно лебдечка состојба, која се одразува на економскиот развој. Вештачкиот развој, предизвикан од моќната управа на ОН и нејзината куповна сила, полека пропаѓа. Владее стагнација. Инвеститорите изостануваат, недостасуваат работни места. Економските потенцијали на земјата остануваат необработени и пропаѓаат. Германскиот министер за одбрана Франц Јосеф Јунг стави прст на рана, која би морала да боли во цела Европа. Но во Европа постојат само две држави кои јасно пружаат напори за решавање на косовското прашање: Германија и Велика Британија. Од овие држави зависи, во процесот на одмрзнување и барање на компромис да ја преземат водечката улога. Досега малку можеше да се почувствува од ова.

Се надеваме тоа ќе се смени. Предуслов е претставникот на ЕУ во меѓународната преговарачка група за Косово, германскиот дипломат Волфганг Ишингер да не биде оставен сам. Европејците имаат обврска. Тие предолго од немај каде се потпираа на НАТО, на меѓународните трупи, кои се грижат за безбедноста и треба да спречат земјата да потоне во насилство и хаос. Сега Европа мора да ја преземе иницијативата. Предлогот за набљудувана независност од ЕУ, за тоа сеуште нуди добра основа. И европската перспектива која ја очекуваат како Србија така и косвоските Албанци има голема тежина, кога станува збор за тоа двете страни да се принудат да постигнат согласност. На тоа чекаат луѓето на Косово. Премногу често тие луѓе се тешени. Нивното трпение е на крајот. На многумина веќе им е сеедно, кој ќе владее. Главно да тргне напред.

До 10 декември треба да се преговара, но тогаш Европската унија мора да го каже решавачкиот збор, ако сака да остане веродостојна и способна и за во иднина. Се’ друго би било бламажа, крај на една добра претстава, дека ЕУ навистина е во состојба, да ја креира надворешната политика.