1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Иднината на Косово во Ругова

27 јануари 2006

Судбината на преговорите за иднината на Косово во голема мера ќе зависи од тоа кој ќе застане на чело на преговарачкиот тим од косовска страна.

https://p.dw.com/p/AcXC
Кој ќе го наследи Балканскиот „Ганди„?
Кој ќе го наследи Балканскиот „Ганди„?Фотографија: dpa

Тоа до сега беше токму починатиот Претседател Ибрахим Ругова, околу чиј наследник за сега ништо не е познато. Околу тоа мора прво да најдат заедничко решение другите лидери на косовските партии. Предвиденото темпо на преговорите околу децентрализацијата и потоа околу конечниот статус на Косово во голема мера ќе зависи од нивната брзина и вичност. При тоа важно прашање и тоа кој ќе го наследи Ругова на чело на најголемата партија во владеачката коалиција, Демократската Лига на Косово.

Неџат Даци, кој како Претесдател на Парламентот ја врши сега и функцијата Претседател на државата, се обидува да ги растера стравовите оти сега ќе дојде до политички вакуум на Косово:

„Демократската Лига на Косово нема да си го дозволи луксузот на внатрешни делби и слабеење. Напротив личноста и делото на Претседателот Ругова ќе останат од решавачка важност за духот на оваа партија и немам никаква причина да не бидам оптимист.„

Но, Фран Лотар Алтман од германската Фондација за наука и политика, смета дека не е исклучена можноста од избувнување борби за моќ во редовите на партијата околу тоа кој ќе ја преземе лидерската функција, па и улогата Претседател на Косово.

„Тоа може под одредени околности да значи и распад на владеаката коалиција, што пак од своја страна може да води кон нови избори по кои е тешко да се предвиди новата распределба на силите.„

Таквата подолга фаза на несигурност може да ги загрози преговорите за статусот на Косово. Таму има и такви сили, кои веќе сега се залагаат против преговори меѓу Белград и Приштина. Наместотоа според ова студентско движење Косово треба да донесе еднострана декларација за независност. Политичките партии се‘ се придржуваат до планот за водење преговори, но Алтман смета дека тоа може и да се измени:

„Одложувањето од неколку недели не би требало да предизвика проблеми. Но, потешкотии може да предизвика промената на политичката карта на Косово и засилувањето на радикалните сили доколку се наѕира подолготрајно одложување на преговорите.„

Тоа би им одговарало и на Србите, смета Никола Радаш, публицист од магазинот „Дијалог за Косово„:

„Косовските Албанци наследија политички тестамент од Ругова. Нема да има политичар на Косово кому ќе му падне на памет да се откаже од таквиот тестамент. Кој и да дојде на местото на Ругова, за српската страна тоа не е толку важно. Но, кога би се прашувале Србите, тие би го одложиле донесувањето на конечната одлука што е можно повеќе.„