1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Иванов: Државата е подготвена за предизвиците

ЕМФ/миа10 јули 2014

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов денеска (10.07) од Охрид порача дека протести се дозволени секаде, но насилство нема да се толерира.

https://p.dw.com/p/1CZRn
Фотографија: MIA

Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов во врска со протестите за пресудата за случајот „Монструм“ изјави дека во државата има институции кои функционираат и се справуват со предизвиците:

„Сите отворени прашања може да се решаваат преку институциите. Оној кој се сомнева во каква било дејност или активности на одредена институција може тоа преку инситуционален пат да го оствари. Тоа се однесува и на пресудата за случајот „Монструм“. Мора да оставиме судовите тоа да го сработат, по случајот да се произнесе и Апелација. Секој кој може со сознанија да придонесе за расчистување на случајот или да влијае врз пресудата доколку нешто е противправно, може да го направи тоа, но насилството како начин за остварување одредени цели секојпат се осудува“, истакна тој.

Претседателот Иванов појасни дека постојано е во контакт, во координација, со сите надлежни институции за сите активности што се преземаат за актуелната ситуација, нагласувајќи дека службите одговорно ја вршат работата и ги доставуваат анализите за што, како што истакна, јавноста благовремено ќе биде известена.

„Имало и ќе има такви настани, но не смееме да дозволиме страв кај населението и недоверба во институциите. Граѓаните ни ја дале довербата и ние сме одговорни пред нив да ги преземеме сите активности за да не дозволиме да се случуваат насилни акти во државата“, рече Иванов.

За начинот на кој по однос на пресудата за случајот „Монструм“ реагираа одредени кругови од политичката јавност во соседството, пред се‘ во Тирана и Приштина, Иванов забележа на потребата претходно да се имаат сите сознанија, па да се даваат какви било реакции.

„Со такви акти како палењето на знамето во Косово, тие повеќе си наштетуваат себеси затоа што сликата за Косово ја пренесуваат низ светот, а сите знаат што Македонија направи за остварувањето на државноста на Косово. Така што сите такви насилни акти како палењето на знамето, оди на нивна штета и ќе се одразува на начинот како врз нив ќе гледат во светот“, истакна македонскиот претседател.