1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

И Шпанија ја надмина Кина по бројот на починати од Ковид-19

СН/агенции
25 март 2020

Во последните 24 часа во Шпанија се регистрирани 738 смртни случаи од коронавирусот. Тоа е досега најголема бројка на починати во едно деноноќие од избувнувањето на пандемијата

https://p.dw.com/p/3a1IA
Spanien Coronakrise | Fast 400 neue Corona-Todesfälle innerhalb von 24 Stunden
Фотографија: AFP/COMUNIDAD DE MADRID

Според најновите податоци соопштени од страна на министерството за здравство во Мадрид бројката на починати од Ковид-19 се зголемила на 3434. Тоа е пораст од 27 проценти во однос на вчерашниот ден.

Со новите црни бројки Шпанија ја престигна Кина и стана втора земја во светот по бројот на починати од новиот коронавирус, веднаш зад Италија, во која според податоците на американскиот универзитет Џонс Хопкинс досега починале 6820 луѓе. Во кина пак бројот на починати изнесува 3285.

Инаку вкупниот број на инфицирани од коронавирусот во Шпанија се искачи на близу 48 илјади, додека вчера тој број изнесуваше околу 40 илјади луѓе.

Повеќе:

-Шпанија: Рекорден број новозаразени и починати за 24 часа

-Фотографија на денот: Коронавирус: Сакам да останеш дома!Шпанија од карантин ѝ ја отвори вратата на Северна Македонија во НАТО

-

Главниот шпански епидемиолог Фернандо Симон изјави дека по објавувањето на новите загрижувачки бројки очекува дека бројот на случаи на болеста Ковид-19 ќе продолжи да расте и во наредните денови. 

Во Шпанија веќе 11 дена во сила е вонредна состојба со забрана за излегување.

 

Сите текстови, видеа и фотогалерии за коронавирусот на едно место

Лидерите на ЕУ во меѓувреме изразија солидарност со Шпанија која се бори со ескалирачката криза со коронавирусот. „Сакам да знаете дека работиме неуморно за да ви помогнеме - вие не сте сами“, порача претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен на Твитер.

Шефот на Советот, Шарл Мишел, во отворено писмо до Шпанија порача: „Европа стои во ваша страна во целосна солидарност и ние нема да штедиме никакви напори за да ви помогнеме“.