1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

И Собранието на Западноевропската унија внимателна околу Косово

Силвера Падори8 февруари 2007

Поголемо влијание врз заедничката европска и одбрабена политика, чија цел е да се одговори на предизвиците на новото време. Брзи заеднички одлуки во кризни ситуации - се дел од пораките на Берлинската изјава која по дводневната расправа вчера ја усвоија учесниците на Собрание на Западноевропската унија. Во Институцијата која е основана 1954 година покрај 10 земји од ЕУ, делуваат 18 придружни членки, партнери

https://p.dw.com/p/AdlG

� набљудувачи меѓу кои и Македонија

Европската безбедносна и одбрамбена политика, а со тоа и европските воени слили не се конкуренција на НАТО. Напротив, тие се нејзини придружници. Но за поголема јаснотија на обврските и одбегнување на удвојување на капацитетите Европската Унија и земјите членки треба јаснио да ја развијат и дефинираат својата безбедносна и одбрамбена политика. Ова вчера го презентираше Жан Пјер Масерет, претседател на Собранието на Западноевропската Унија. Според него токму во Берлинската изјава се подвлечени заедничките цели, поддршка на земјите членки да инвестираат во потребните воени капацитети, одговорно да се планираат оперативните командни структури, но и да се обезбеди демократкиот легитиметет за спроведувањето на заедничката европска безбедносна политика

-Имаше многу интересна расправа посебно околу тоа дали треба да се етаблираат нови одбранбени институции,како и на кој начин треба да се развива одбранбената стратегија,дали е довоно да постои само НАТО како воено политичка оерганизација или треба да се формира соодветна служба од страна на ЕУ.Соработката меѓу ЕУ,НАТО и ОН тогаш кога има заеднички операции,беа искажани и проблеми кои с ејавуваат при практично дејствување во некои критични региони,но се на се,општа определба е дека треба да продолжи расправата околу одбранбената стратегија на ЕУ во наредниот период.вели Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз кој беше дел од македонската делегација која учествуваше на дводневната конференција. Во дебата Македонија беше истакната како позитивен пример. Земјата се трансформира од примател во давател на воена помош,а стана збор и Косово, за што Трајанов објаснува.

-Повеќе учесници во расправата го посочија Косово како подрачје каде суште можат да настанат конфликти или усложнување на состојбите кои можат да се рефлектираат пошироко на Балканот,меѓутоа не со таков интензитет како што беа случувањата во 1990 година или пак во Македонија во 2001 година,но за секој случај и натаму постои загриженост, имаше некои спротиставени мислења,посебно од делегацијата на Романија која се спротиставува на некој начин на предлогот н а Ахтисари см,етајќи дека тоа е лош пример.Повеќето од тие што учествуваа во оваа распорава сметаат дека планот на Ахтисари е добра основа за да продолжат разговорите меѓу Приштина и Белград,за да дојде до конечно решение.

Со оглед на изразената скепса кон независноста на Косово која беше изразена од дел од улчесниците, го прашавме Жан Пјер Масерет дали е возможно домино ефектот негативно да се рефлектира врз Македонија:

-Вистина е дека треба да се биде многу претпазлив и да се внимава на состојбата во Македонија. Примерот на Косово може да се искористи од малцинствата во Македонија за зголемување на нивните барања. Токму заради ова Европската Унија и меѓународната заедница посебно треба да се внимателни! изјави Жан Пјер Масерет, кој во врска со можната воена мисија на ЕУ на Косово изјави:

-Што се однесува до иднаста мисија на ЕУ на Косово од неа многу ќе се очекува. И тоа секако ќе биде до сега најтешка задача и од неа че зависи многу. Попсаскуваме да биде успешна зашто ќе има улога во натамошната демократизација на Косово. Треба да доведе до нова организациона структура на косовското општество и почитување на животот, слободите, сигурноста и добрата.