1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Зошто се всушност новите преговори за статусот на Косово?

10 август 2007

Kоментаторите во германските весници се сомневаат дека посредничката “тројка” за Косово ќа успее во мисијата да ги приближи ставовите на Белград и Приштина

https://p.dw.com/p/BSun
Фотографија: picture-alliance/dpa

Во весникот Франкфуртер Алгемајне Цајтунг на оваа тема читаме:

“Тројката” за Косово , гледајќи според се , нема да помогне да се дојде до договор меѓу Белград и Приштина. 120-те што се предвидени за тоа би можеле да бидат поинаку искористени. Зошто се всушност овие последни преговори?Можеби треба да се добие во време? За што? За да може барем западниот дел од меѓународната заедница подоцна кога Косоварите еднострано ќе прогласат независност , дека сторил се што можел или? Едно е сигурно : Одложувањето на конечната одлука дава можност само за кратка воздишка. Самата одлука е неизбежна. Фактички Косово и ионака веќе е вон контрола на Србија”

Ројтлингер Генерал Анцајгер пак се осврнува на три можности:

“ Првата можност е преговорите да пропаднат. Косово тогаш едноставно би прогласило независност и би било признато од САД. ЕУ би гласала за независност дури ако тоа го одобрат ОН вкаде што во име на Белград вето става Русија. Тоа би довело до поделба на Унијата. Еден таков суверенитет на Косово би довел до опасности во кои спаѓа и нова војна на Балканот. Втората можност е Контакт групата да се одрекне од некои свои принципи и да фаворизира размена на територии во што на некој начин би било вклучено и етничко чистење. И третата можност е косовските Албанци да бидат приморани на повторно започнување на преговори со Белград за автономија во рамките на Србија , за што постои согласност кај српските власти. Вооваа исто како и во втората можност е предвидена размена на територии”

“Косовските експерти во незгодна мисија” е насловот на текстот во весникот Оберфалцнет во кој читаме:

“Едно посебно важно поглавје на меѓународната политика му е дадено во раце на искусниот германски дипломат Ишингер. За оваа работа тој се квалификуваше меѓу другото поради неговата улога во окончувањето на косовската војна во 1999 година . Во својата 30-годишна кариера , тој стакна репутација на врвен преговарач . Неговата дарба на смирен , мјил и секогаш пријателски расположен политичарт ќе му биде од полза во обидот да ги убеди Русите и Србите да не ја блокираат и натаму независноста на Косово.

Во секој случај за актуелната мисија на Ишингер му се потребни сета негова сила и досегашно искуство. Русија и Србија се против независноста на Косово а преговарачката рунда е ограничена на 120 дена”