Зошто ни се потребни инсектите
Без инсекти животот би бил поинаков. Научниците предупредуваат дека во следните децении 10 проценти од инсектите можат да изумрат. Зошто исчезнуваат толку инсекти и какви се последиците?
Планета на инсекти
Од прекрасни пеперутки до досадни муви - инсектите се сметаат за најразновиден вид на живи суштества на земјата. Познати се речиси еден милион видови. Но, во одделни региони, според извештајот на Советот за светски биодиверзитет, на повеќе од 40 проценти од инсектите им се заканува изумирање. Што ќе значи тоа за нас, на многумина уште не им е јасно.
Вредни запрашувачи
Посевите на пченица или ориз се запрашуваат благодарение на ветар, но на многу растенија за тоа им се потребни инсекти. Производителите на животни продукти без инсекти би требало длабоко да стават рака во џебот. Годишно тие помагаат да произведеме храна во вредност од 235 милијарди долари. Во Кина некои овошки веќе мора рачно да се опрашуваат поради недостиг од пчели, што ги поскапува продуктите
Празни чинии
Исчезнувањето на запрашувачите може да доведе до тоа да мора да се одречеме од многу производи, најмногу од разни видови овошје и зеленчук, но и од омилените кафе и чоколадо. Освен тоа, запрашувачите помагаат и кај влакната потребни за производство облека, но и лекови од одредени билки.
Природно отстранување на сметот
Многу инсекти, како и овој сештојаден бумбар на фотографијата, помагаат при разградбата на изумрени растенија, трупови и измет, кои инаку би скапувале во природата. Без инсекти, би смрдело многу повеќе. Загрозена би била и хигиената.
Храна за други животни
Инсектите се исто така главен извор на храна за многу други животни, како водоземци, влекачи, цицачи и птици. Ако се намали бројот на инсекти, ќе се намали и бројот нивни непријатели. Орнитолозите гледаат поврзаност меѓу силното опаѓање на бројот на одредени врсти птици во Велика Британија и намалениот број инсекти.
Тешкотии во прилагодувањето
Климатските промени ги погодуваат првенствено инсектите кои бавно се прилагодуваат. На бумбарите на пример покачувањето на температурата им создава проблеми. Но, инсектите - штетници, се шират многу брзо. Како и европскиот пченкарен молец (на фотографијата), кој би можел да ги уништи сите видови пченка. А се` поголемата употреба на пестициди им штети на инсектите кои ги запрашуваат растенијата.
Нема место за запрашувачите
Интензивното земјоделско производство е една од главните причини за изумирање на инсектите во Европа. Вештачките ѓубрива, пестициди и инсектициди ги уништуваат инсектите, исто како и монокултурите, односно одгледување само еден вид растение на големи површини. На тој начин инсектите губат свој животен простор и прибежиште, како што се ливадите со полски цвеќиња.
Хотели за инсекти
Аграрна политика која не би ги загрозувала инсектите, велат експертите, би можела да доведе до зголемување на нивниот број. Повеќе цвеќиња во градините и балконите во градовите на бумбарите и пеперутките ќе им обезбеди повеќе храна. Хотели за инсекти (на фотографијата) се исто така еден од начините како да се зголеми бројот инсекти.