1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Зошто на Брисел му олесна по шкотското „не“?

Макс Хофман/ Превод: Жана Ацеска20 септември 2014

По референдумот во Шкотска и изјаснувањето против независност, владее олеснување и во Брисел. Но, зошто? Шкотска покажува како на регионите можат да им се исплаќаат стремежите за независност, смета Макс Хофман.

https://p.dw.com/p/1DG78
Фотографија: LEON NEAL/AFP/Getty Images

Нешто од духот на независноста имаше дури и во Брисел, градот на европското единство. Фламанските националисти ноќта меѓу четвртокот и петокот покажаа солидарност и закитија некои од улиците со раширени шкотски знамиња и свеќи. Неколку дена подоцна, овие слики се само мало потсетување - со шкотското „не, благодарам“, ЕУ првпат избегна свое намалување.

Но, колективната воздишка на олеснување се чини речиси неоправдана. Само за неколку минути да се соживееме со перцепциите на еден сеператисти, сеедно дали во Шкотска, Каталонија или Фландрија. Тој, имено, регистрираше-Шкотланѓаните, без оглед што и натаму остануваат во Велика Британија, бележат голема добивка.

Шкотска пружа пример

Според зборовите на британскиот премиер Дејвид Камерон, Шкотска сега ќе има поголеми права во областа на даноците, во јавните давачки, кратко кажано, поголема моќ во рамките на Унијата. Тоа воопшто не е лош резултат, гласи сеператистичкото убедување. Значи, зошто сега да прекинат напорите, кога на сите засегнати им се нуди пауза за нови концепти во натамошните постапки, како на националните влади, така и на борците за независност?

Deutsche Welle Studio Brüssel Max Hofmann
Макс ХофманФотографија: DW/B. Riegert

На пример Каталонија: ако Мадрид сака да го задржи богатиот регион, владата мора да земе пример од отстапките на Лондон кон Единбург. Во спротивен случај, шкотското „да“ немаше во секој случај следствено за последица да има распаѓање и расцепкување на ЕУ. Зашто, тогаш ќе започнеа проблемите за отцепениот регион: изградба на нови институции, воведување нова валута, градење доверба, што за останатите сепаратисти можеше да има и одвратувачко влијание. Но, „мала“ Велика Британија ќе ги преместеше тежиштата на власта во ЕУ и веројатно ќе лиферуваше материјал за долгогодишни спорови околу различни шкотски теми: од стационирањето на британската нуклеарна флота (досега во Шкоткса) до приемот на Шкотска во ЕУ и НАТО. Освен тоа, сето тоа ќе беше добредојдена муниција за пропагандната машинана Путин против Европа.

Проблемите не исчезнаа

Накратко, Брисел мора сериозно да ги сфати сепаратистичките стремежи во Европа, сега уште повеќе отколку пред шкотскиот референдум. Зашто, изгледите за успех за Каталонците, Баскијците, Фламанците и останатите речиси не се променија. Стремежите кон независност се ислаќаат, тоа е пораката од Шкотска за Каталонија и Фландрија. Не само националните влади, туку и Брисел треба да се погрижи неговиот огромен бирократски апарат да не работи спротивно на потребите на одделни региони. Во спротивно, деконструкцијата на ЕУ може да стане реалност.