1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Златото е повторно на цена

Јан Палокат/Ж.А.16 мај 2016

Побарувачката на злато одамна не била толку голема колку во моментов. Во првиот квартал од 2016. година се продадени 1.290 тони, 20 проценти повеќе од истиот период во 2015. година.

https://p.dw.com/p/1IoZc
Фотографија: Fotolia/Scanrail

Во цел свет владеат лоши економски прогнози, несигурни времиња, банките не даваат камата - тоа се добри времиња за златото.

Побарувачката на злато одамна не била толку голема колку во моментов. Во првиот квартал од 2016. година се продадени 1.290 тони, 20 проценти повеќе од истиот период во 2015. година.

Цената на златото речиси се удвои во последните десет години. Но, во последно време на злато не се заработуваше многу.

Се‘ додека постои општото чувство на криза, цената на златото ќе остане висока, велат експертите. Но, златото има голема мана: не носи камата или дивиденди. И, освен како украс, нема друга намена.

Некои иневститори затоа не го ценат многу, на пример американската инвестициска легенда Ворен Бафет. „Копаме злато од дупка во Африка, го топиме и го криеме во друга дупка. Потоа плаќаме луѓе да го чуваат. Ако не‘ гледа некој од Марс, ќе се чуди“ се подбива Бафет.

Погледнете го видеото:

Расте цената на златото