Стотици планинари заглавени кај активен вулкан
30 јули 2018По тешкиот земјотрес на индонезискиот туристички остров Ламбок, неколку стотици планинари се заглавени кај еден активен вулкан. Погодени се 560 туристи и планинарски водичи, соопшти шефот на националниот парк Ринџани, Судијоно. Патот на туристите им го пресекле кал и други наноси, предизвикани од земјотресот. Планинарските патеки се блокирани. Испратени се хеликоптери и спасувачки екипи кои ја пребаруваат планината Ринџани.
Според досегашните информации, меѓу планинарите има голем број туристи од Франција и Холандија. Засега нема информации за заглавени германски туристи.
Во земјотресот кој вчера го погоди соседниот остров Бали, загинаа најмалку 14 лица. Меѓу загинатите е и најмалку една туристка, за која се вели дека е 30-годишна жена од Малезија. Најголемиот дел од жртвите се мештани. Оштетени се повеќе од илјада објекти, од кои голем дел се сосема уништени.
Индонезија се наоѓа на Пацифичкиот огнен прстен, кој е геолошки најактивна зона на Земјата. Таму постојано има земјотреси и ерупција на вулкани.