Земјотрес во Индонезија - расте бројот на жртвите
6 август 2018Во новиот земјотрес со јачина од 7 степени кој се случи синоќа на индонезискиот туристички остров Ломбок, бројот на жртвите постојано расте, потврдена е смртта на најмалку 142 лица. Стотици повредени има и на соседниот остров Бали. Нема информации дали меѓу загинатите има и туристи. Потресот се случил околу 20 часот вечерта по локално време, а епицентарот се наоѓа на 15 километри длабочина во морето, на 18 километри североисточно од Ломбок. Илјадници луѓе ги напуштиле своите домови во паника, ноќта ја поминале на отворено. Од дел од летувалиштата се евакуирани туристите. Фотографиите и видеата во индонезиските медиуми прикажуваат сцени на пустош на островот мнозински населен со муслимани. Најголем дел од луѓето загинале при уривање на куќите, соопшти портпарол на Министерството за заштита од катастрофи. Денеска се регистрирани уште неколку последователни потреси, а во меѓувреме е повлечен дадениот предупредувачки сигнал за опасност од цунами.
Островот Ломбок беше погоден од земјотрес со сила од 6,4 степени минатата недела, во него загинаа 16 лица, а преку 350 беа повредени. Индонезија се наоѓа во геолошки најактивната зона на земјината површина, постојано доаѓа до потреси и избувнување на вулкани.