1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Култура

Збор на годината 2021: „Бранокршач“

Рајна Бројер
3 декември 2021

Пандемијата на корона повторно доминира на изборот за „Збор на годината“ во Германија. Жирито на Друштвото за германски јазик овојпат се одлучи за позитивен поим.

https://p.dw.com/p/43mgf
Wort des Jahres - Wellenbrecher
Фотографија: picture alliance/dpa

Пред крајот на секоја година, стручно жири од повеќе стотици предлози избира десет збора и составува ранг-листа. Оваа година од десетте избрани поими, седум се поврзани со пандемијата на коронавирусот. На првото место е зборот „Wellenbrecher“, односно во превод - „Бранокршач“. Како што соопшти Друштвото за германски јазик, со овој збор се опишуваат мерките кои се преземаат за сузбивање (кршење) на четвртиот бран на короната.

На второ место годинава се најде зборот „SolidAHRität“ (СолидАРност) кој е израз на подготвеностада му се помогне на регионот Ар (Ahr), кој беше погоден од катастрофалните поплави.

На трета позиција е зборот „Pflexit“, кој ја опишува ургентната состојба во сферата на негата. Меѓу десетте збора на ранг-листата на Друштвото за германски јазик годинава се и Impfpflicht(Обврска за вакцинирање), Ampelparteien (Партии од семафор-коалицијата), Lockdown-Kinder (Локдаун-деца), Booster (Бустер)...

„Зборот на годината“ сака да го погоди јазичниот нерв во изминатите 12 месеци. Првпат „Збор на годината“ се избираше во 1971 година.