1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Започна предизборната кампања на Косово

22 септември 2004

Во Њујорк пак Контакт групата за Косово денеска на средба на која ќе биде разговарано за стандардите, статусот и секако за претстојните парламентарни избори во покраината

https://p.dw.com/p/Ad4Y

Предизборната кампања за парламентарните избори на Косово ќе трае 30 денови и предизборни активности во тој период ќе имаат 32 партии и политички организации кои се пријавија за учество на изборите.

" Ова можеби ќе бидат досега најважните избори на Косово , бидејќи собранието и Владата , ќе го водат Косово во насока на спроведување на стандардите и во средината на 2005-та ако резултатите бидат позитивни , ќе се отвори патот за разговорите за решавање на идниот статус на Косово" - истакна во пораката до Косоварите , шефот на УНМИК , Сорен јесен Петерсен.

Инаку политичките претставници на Србите во Косово најавија бојкот на изборите придржувајќи се на тој начин на препораката на српската Влада , која смета дека не се обезбедени институционални аранции за безбедноста на малцинствата на Косово.

Изборите закажани за 23 октомври се втори параламентарни избори во Косово по воспоставувањето на меѓународната управа во 1999 година .

Сегашниот шеф на таа меѓународната администрација Петерсен во пораката уште ги потсети учесниците дека се обврзани на коректен изборен натпревар и признавање на изборните резултати а истовремено побара од медиумите непристрасно и објективно следење на изборната кампања.

Тој пораката ја упати по писмен пат со оглед дека претстојува во Њујорк каде што денеска ќе учествува на втората средба на Контакт групата за Косово во последниве три дена . Покрај Петерсен во разговорите ќе учествуваат и политичките директори во министерствата за надворешни работи на земјите членки групата, САД , Германија , Франција , Италија ,Шпанија и Романија. Претстојните избори во Косово ќе бидат централна тема на средбата од која уште еднаш ќе биде упатен повик до косовските Срби да учествуваат на нив.

Сличен состанок но на повисоко ниво беше одржан и во понеделникот . На него имено учествуваа министрите за надворешни работи на земјите членки како и генералниот секретар на Он Кофи Анан .

Главната расправа се водела околу стандардите децентрализацијата и статусот на и статусот на Косово и како што можеше да се дознае повторно биле забележителни традиционалните разлики меѓу земјите членки околу иднината на покраината, особено околу тоа дали да се опстане или да се напушти формулата стандарди пред статус.