1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Западниот Балкан, приоритет

9 јануари 2008

Словенечкото претседателство со ЕУ на состанокот со ЕК во Љубљана ја промовираше својата работна агенда. Еден од главните приоритети е евроинтеграцијата на Западен Балкан. Околу Македонија засега нема ништо конкретно

https://p.dw.com/p/Cmuj
Маргот Валстром и Јанез ЈаншаФотографија: AP
„Посебно внимание ќе посветиме на Западен Балкан бидејќи сметаме дека решението на спорните прташања мора да се базира врз заеднички, единствен став на ЕУ за да се постигнат решенија кои долгорочно би го стабилизирале регионот„ изјави словенечкиот премиер Јанез Јанша по состанокот со претставниците на ЕК.
Состанокот го водеше потпретседателот на комисијата, Маргот Валстром бидејќи Жозе Мануел Барозо бил отсутен поради здравствени проблеми. Валстром го истакна словенечкото искуство за случувањата на Западниот Балкан:

„ Околу ова прашање ние можеме да сметаме на словенечкото искуство за регионот кој добро го познава„ вели Валсдром

Македонија не е посебно издвоена

За Македонија, засега нема ништо конкретно. Словенија веќе најави дека ќе се залага земјата да добие датум за почеток на преговори за членство. Единствена надеж за придвижување на овој план е самитот на Унијата за Западен Балкан на 13 фебруари, на кој се очекува да биде презентирана нова стратегија на Брисел за целиот регион.

Јанез Јанша нагласи дека Косово и Западниот Балкан нема да бидат единствените теми за кои ќе се расправа. Притоа тој ги демантираше информациите во дел од медиумите дека еден од главните приоритети за време на словенечкото претседателство ќе биде БиХ: „ Тоа никогаш не сум го кажал. На западниот балкан постојат други проблеми, но никогаш не сум кажал дека БиХ ќе биде наш приоритет„ изјави Јанша Иницијатива за брзо потпишување на договор со Белград
Инаку словенечкото претседателство со Унијата смета дека договорот за стабилизација и асоцијација со Србија треба да се потпише што е можно поскоро. Министерот за надворешни работи Димитриј Рупел најави формирање на експертски тим кој ќе му помогне на Белград во успешно реализирање на потребните реформи, вклучително и целосната соработка со Хашкиот суд. Иако еврокомесарот за проширување Оли Рен изјави дека обврската за апсење на бегалците останува, дел од членките на Унијата, како на пример Бугарија, сметаат дека договорот со Србија треба да се потпише и без апсење на бегалците. На агендата на словенечкото претседателство со ЕУ е и прашањето за успешно спроведување на процесот на ратификацција на реформскиот договор, продолжување на стартегијата од Лисабон за економски раст, како и усвојување пакет мерки во корист на енергетската политика која ќе се базирта врз климатските промени.