1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Западниот Балкан очекува позитивен сигнал од Рига

29 ноември 2006

Иако самитот на НАТО не е посветен на проширувањето од дипломатски кругови се дознава дека е можно Хрватска да се издвои од Јадранската група во која се наоѓаат и Македонија и Албанија. Американскиот претседател Џорџ Буш синоќа даде јасно до знаење дека трите земји имаат поддршката од Вашингтон за членство во Алијансата

https://p.dw.com/p/Adh9
Генералниот секретар на НАТО, Јаап де Хоп Шефер
Генералниот секретар на НАТО, Јаап де Хоп ШеферФотографија: AP

„ Овде во Рига јасно ќе дадеме до знаење дека вратата на НАТО останува оворена и на нашиот следен самит во 2008 верувам дека ќе упатиме покана до оние земји кои ќе бидат подготвени за членство. Хрватска, Македонија и Албанија учествуваат во акциониот план за членство, а САД ги поддржуваат нивните аспирации за приклучување на атлантскиот сојуз„ изјави американскиот претседател Џорџ Буш

Словенечкиот министер за надворешни работи Димитриј Рупел исто така очекува охрабрувачки сигнал за трите земји:

„ За Словенија самитот е важен бидејќи мислам дека се шири партнерството за мир и дека трите членки на јадранската група, Хрватска, Македонија и Албанија ќе добијат силен сигнал„ рече Рупел и додаде:

„ Некои земји сакаат на Хрватска да и се даде предност пред Македонија и Албанија. Јас сметам дека треба да се примат сите земји кои се подготвени. Се залагам што поскоро да добијат покана, а ако тоа е случај со Хрватска, јас сум секако за„

Се поизвесно е дека Србија, БиХ и Црна Гора ќе добијат место во програмата партнерство за мир, условно на една година, кое би се замрзнало доколку Србија и БиХ до тогаш не сотварат целосна соработка со хашкиот трибунал:

„ Очекувам дека Србија, БиХ и Црна Гора ќе добијат зелено светло за партнерството за мир. Кога станува збор за членството мислам дека ќе биде дадена некаква општа охрабрувачка изјава што мене ме радува, бидејќи просторот на поранешна Југославија треба што поскоро да стане дел од НАТО„ изјави шефот на словенечката дипломатија Рупел.