1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Заев ја претстави новата стратегија на СДСМ

БГ/макфакс/миа21 август 2014

СДСМ од денеска почнува да работи на реализација на новата „Стратегија за политичко делување“, што беше усвоена на вчерашната седница на Централниот одбор, соопшти лидерот на партијата Зоран Заев.

https://p.dw.com/p/1CyoE
Zoran Zaev, Vorsitzender der Partei SDSM
Фотографија: Petr Stojanovski

Заев рече дека ЦО синоќа едногласно усвоил конкретни насоки за дејствување на СДСМ по двомесечна внатрепартиска работа.

СДСМ, според Заев, сака „да ја извлече државата од бесперспективноста што не’ задушува сите нас, сите овие години на контролирано и манипулациско владеење и земјатата да се врати на нормален колосек, каде што заслужува, како дел од европското семејство и НАТО“.

„Стратегијата“, според него, се базира на четири столба. Во првиот столб ќе биде застапена соработката со граѓаните. Во вториот столб нарече „Чесна понуда“ опозициската партија ќе ги анализира потезите на власта.

„Ние и досега откривме бројни корупциски афери, врзани за највисокиот врв на власта, што донесоа до рекорден долг на државата и незапаматена сиромаштија. За вакви случаи, во секоја нормална држава паѓаат влади. Но, Македонија одамна не е тоа“, рече Заев.

Третиот и четвртиот столб од „Стратегијата“ се: „Силна СДСМ“ и „Партнерства за демократска Македонија“.

„На луѓето ќе им понудиме шанса да кажат што мислат и тие да влијаат на она што и’ се случува на Македонија. Власта ќе биде ставена под сериозна лупа на СДСМ“, најави Заев.