1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Загубената“ река на Приштина

Ирена Каревска | Ерна Салиху
11 декември 2019

Низ Приштина протекува реката Приштевка, која од пред неколку децении има покриен бетонски канал, зашто во неа бил фрлан отпад.

https://p.dw.com/p/3UaKF
Pristina, Kosovo
Фотографија: DW/I. Đerković

Некогаш, не толку одамна, и Приштина имаше река... Постарите жители се сеќаваат на тоа време.

„Да, секако...но, сега е затворена канализација...“, вели една жена. „ Се сеќавам на Приштевка...Но, за жал со оглед на тоа во каква состојба беше, најдобро решение беше да се покрие под земја... “, дополнува друг граѓанин.

Низ Приштина протекува реката Приштевка, која од пред неколку децении има покриен бетонски канал. Приштевка протекувала покрај градскиот пазар и во неа бил фрлан отпад, па низ градот се ширела непријатна миризба, што е една од причините за нејзино покривање.

И Приштина имаше река...

Загадувањето ја направи Приштевка мртва река. Но, нејзините отрови се уште се шират...

Халил Ибраими – Професор на Универзитетот за природно-математички науки во Приштина – сектор Биологија истакнува:

„Приштевка се влева во реката Ситница, па цело загадување оди и во неа. Покрај тоа што на овој начин исчезнаа многу живи организми, заедно со загадувањето од отпадните и индустриски води во реката Ситница, индиректно се предизвикуваат проблеми и последици врз луѓето кои живеат во околината.“

„Мртвите реки” почнаа да стануваат тренд во Косово. Многу уникатни видови на живи организми исчезнуваат.

„Ова е дефинитивно голема загуба која се уште им се случува на живиот свет во реките... “, констатира професорот Ибраими.