1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Заврши конгресот на ЦСУ

21 ноември 2004

На 69 от партиски конгрес, Христијанско Социјалната Унија ги претстави своите предлог реформи за пазарот на труд во Германија. На дводневниот состанок во Минхен тема на расправа беше и повлекувањето на Хорста Зехофер кој веќе не сака да биде портпарол на фракциите на ЦДУ и ЦСУ за здравствените прашања.

https://p.dw.com/p/Ad17

Конгресите на Христијанско социјалната унија поминуваат воглавно секогаш по иста шема: Шефот на партијата Едмунд Штојбер ќе ј пофали Баварија како модел за успешна иднина на Германија, потоа ги критикува политичките противници додека сите му ракоплескаат. Во Баварија не се вообичаени долги дебати или пак спорови, бидејќи сите се со исто мислење. Тоа беше така до пред неколку денови се додека милсењата не се разидоа. Имено дојде до спротиставеност во мислењата во сопствените редови по прашањето за реформите во здравството. Делегатите овојпат се согласија на компромис дури по едноипол часовна дебата. Против компромисно решение гласаа 12% од делегатите што за ЦСУ е невообичаено висок процент.

Шефот на партијата, Едмунд Штојбер, за да ја смири состојбата рече, дека во спорот не се работи за лица, туку за темата, што е истовремено точно и погрешно. Предлогот на Унијата околу реформите во здравството требаше да опфати само стручни прашања. Меѓу сестринските партии, меѓутоа изби повеќемесечниот спор, така што во целата проблематика требаше да се вмешаводството на партиите. Кој во Унијата го одредува темпото на спроведување на реформите, а кој одлучува за содржината? Штојбер или неговата колешка Ангела Меркел? Кој од нив би можел да победи во двобојот и со тоа евентуално однапред да го реши прашањето за кандидатура на канцеларот. За сиве овие прашања се расправаше на конгресот, иако тие веќе немаа врска со конкретните теми.

Конгресот на ЦСУ, во секој случај не го донесе очекуваното олеснување. Иако Штојбер и Меркел повикаа на решителност, едно стана јасно: сите учесници на себе носта лузни, така што празни изјави не се доволни. Унијата под итно мора да реши некои проблеми за кои самата е одговорна. Конкуренцијата помеѓу Штојбер и Меркел. Мора исто така да најде замена за некои политички тежини. Потребна е соодветна замена откако својата функција ја напуштиекономскиот експерт Фридрих Мерц и откако Зехофер се повлече како експерт за здравствените прашања. Партиите како ЦДУ и ЦСУ, кои бараат реформи во Германија, а не се во состојба да ја извршат својата задача, делуваат неубедливо и познато е дека потоа гласачите ги казнуваат.

Ралф Босен