1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

За Мосул веќе не станува збор

Биргит Свенсон/ Ж.А.10 јуни 2015

Пред една година борците на ИД го освоија Мосул и оттогаш градат своја сопствена држава. Аудио-снимки од борбата во градот го покажуваат тогашното потфрлување на ирачката армија.

https://p.dw.com/p/1FeQr
I
Фотографија: picture-alliance/AP Photo

„Проклетство, каде се авионите?“, се дере поручникот во телефонот, „ние чекаме веќе цел час!“. Аднан е нервозен и притиска на одговор од командантот. Махди ал-Гарави само му ветува воздушна поддршка, која може да стигне секој миг. Но, авионите не стигнаа. При следниот повик на поручникот, следува утеха. Гарави во моментот зборува со премиерот, па ќе му се јави. Во меѓувреме битката во Мосул беснее. Борците на Исламска држава дел по дел го заземаат двомилионскиот град. Тоа се случува на 10. јуни 2014 година.

Настанува хаотична, непрегледна ситуација. Заповедникот на ирачките сили во Нинива, надлежен за одбрана на Мосул и целата провинција во северозападен Ирак, ги повикува еден по еден своите офицери, прашувајќи ги за позициите и бројноста на војници. Сега Гарави се дере во телефонот: „Ќе наредам да се стрелаат сите кои бегаат“.

Ситуацијата драматично се заострува. Бригадниот генерал преку мобилен телефон дава наредба сите преостанати сили да се соберат на плоштадот Јармук. Кога малку подоцна сака да ги слушне своите офицери и да добие нови вести, никој не му одговара или телефоните се исклучени. Мосул е во рацете на ИД. Ирачката армија успеа само четири дена да ја задржи контролата врз вториот по големина град во Ирак против терористичката милиција, која дотогаш никој не ја сфаќаше сериозно, но во меѓувреме шири страв и трепет во целиот регион.

Irak Einnahme der Stadt Mossul durch die IS Terrormiliz
По освојувањето на Мосул беше минирана џамијатаФотографија: picture-alliance/AP Photo

45-те снимки од мобилниот телефон на командантот, кои авторката Биргит Свенсон доби прилика да ги чуе, овозможуваат на драматичен начин реконструкција на настаните во Мосул пред една година. Наредбите на Гарави се некоординирани, неструктуирани и непрофесионални. На своите потчинети тој им наведува само неодредени имиња на местата, нема одбранбена стратегија. На поплаките од свој подреден дека два дена нема јадење и муниција, не доаѓа никаков одговор. Тој е нем и кога поручникот Мохсин му рапортира дека монтираното оружје на тенковите не функционира правилно, а нема системи за набљудување.

При освојувањето нa Мосул не само што дезертираа стотици војници, туку во рацете на ИД се најде бројно оружје од арсеналот на ирачката армија.„Загубивме многу оружје“, призна ирачкиот премиер Хајдер ал-Абади неодамнa во телевизиско интервју. Освен тоа, околу 2.300 оклопни теренски возила од типот Хамви паднаа во рацете на екстремистите. Бригадниот генерал Гарави е разрешен од должноста и обвинет. Тој самиот се смета за неправедно осомничен. Наводно, постојат телефонски снимки во кои тогашниот премиер Нури ал-Малики како главен заповедник на армијата, лично дава наредба за повлекување од Мосул. Истражна комисија требаше да го поднесе извештајот на годишнината од настаните, но тој е одложен.

ISIS / Mossul / Kämpfer
Борците на ИД во Мосул на 10.06.2014Фотографија: Reuters

Откажана операцијата за повторно освојување

Одложено е исто така и повторното освојување на градот. Прво Тикрит, па потоа Мосул, се вели веќе со месеци од воената команда во Багдад, но и од членови на воената меѓународна алијанса, која под водство на САД од август лани врши воздушни напади против ИД во Ирак. Големата офанзива требаше да почне во април или мај, при што ирачката војска требаше да соработува со курдските трупи. Соработник на Централната команда на американската војска пред новинарите од Њујорк тајмс открил пикантни детали. Требало да бидат ангажирани на копно и американски специјални сили, заради подобра координација на воздушните напади. Американското министерство за одбрана се налути поради невообичаено деталните информации за воена операција која се‘уште не е ни почната. Шефот на Пентагон Аштон Картер изјави дека е ова погрешно оддавање воени тајни. Операцијата е откажана.

Наместо тоа, ирачката армија се реши на промена на стратегијата: наредната цел на повторно воспоставување контрола не треба да биде Мосул, туку провинцијата Анбар западно од Багдад. Од правец на Тикрит, владините сили прво требаüe да ја ослободат важната рафинерија во Баиџи, а потоа да продолжат во правец на запад кон Анбар. Но, ИД беше побрза. Пред да бидат прераспоредени трупите, џихадистите со полна сила јурнаа врз Рамади, провинцискиот главен град, кој беше опколен веќе со месеци, и дефинитивно го зазаедоа. Од пред две недели трае противофанзива на т.н. „Хашид ал-Шаби“, народните мобилизирани сили, во кои заеднички се ирачката армија, шиитските милиции и вооружените сунитски племиња. Досега, без успех.

„Никогаш нема целосно да ја повратиме провинцијата Анбар“, предвидува ирачкиот пратеник Митхал ал-Алуси, кој потекнува од Анбар. Фалуџа, град кој со 310.000 жители е најголем во провинцијата, под контрола на ИД е веќе од јануари 2014 година. Тоа беше првиот град во Ирак каде се развеа џихадистичкото знаме. Ирачката влада ќе претрпи неуспех со одлуката прво да ја освојува повторно Анбар, прогнозираа политичките аналитичари во Багдад. Тоа беше политичка, а не воена одлука, се вели од воената команда во ирачката престолнина. Војската притоа воопшто не била или само делумно консултирана. Ирачките политичари треба да посветат поголем прироритет на заштитата на Багдад отколку на враќањето на контролата врз Мосул, вели воен претставник кој сака да остане анонимен. Анбар гранични со Багдад.

Irak Irakische Truppen starten Gegenangriff auf Ramadi
Ирачките трупи почнаа контраофанзива во РамадиФотографија: A. Al-Rubaye/AFP/Getty Images

Генерално чистење во Мосул

Во меѓувреме, во Мосул повторно се вратија истакнати членови на ИД, кои претходно избегаа во Сирија пред заканувачкиот напад на меѓународата алијанса. Додека во Анбар беснеат борби, во Мосул очигледно се чувствува сигурност. Според извештаите на информативниот портал „Никаш“, во моментов се врши чистење. Се метат улиците, плоштадите и се чистат од смет, се поправаат улици, се поставуват сообраќајни знаци и семафори. Мосул е чист како што не бил со години, јавуваат ирачките новинари од градот преку социјалните медиуми. Повторно функционира и снабдувањето со електрична струја, откако претходно пет месеци беше прекинато.

Одговорен за оваа „победа“ е човек со име Абу Обаидах, стар 30 години, Ирачанец со потекло од провинцијата Дијала. Негова цел е да покаже дека ИД може подобро да го чисти градот од претходните надлежни, кои сега се во егзил. Дали терористичката милиција со тоа сака да ги освои срцата на жителите на Мосул и да се заборават нејзините злосторства, е друго прашање. Но, сигурно е оти дека ИД се подготвува за подолг престој во градот. Од трговците на пазарот во Мосул ИД моментно касира годишна такса од 1.500 американски долари.