1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

060110 China Afrika

29 јануари 2010

Кина инвестира наголемо во Африка. Таа тоа го прави без обѕир кон политичката состојба во земјата, повредите на човековите права или условите за работа, велат критичарите. Но, во Африка кинескиот ангажман е добредојден.

https://p.dw.com/p/Lg0o
Фотографија: AP

Тика Роуд е една од најголемите асфалтирани улици во Најроби, што ја реновираат градежна фирма и работници од Кина. И таа е само дел од поголем проект - Кина вети изградба на поврзница од Јужна Африка кон север, која ќе минува низ целиот континент.

„Инвестираме главно во инфраструктурата - улици, пристаништа, куќи. Тоа е основата за африканските земји да ја развијат економијата“, вели Шао Веи Џијан, аташе за економија во кинеската амбасада во Кенија. Неговата земја само во 2008 година инвестирала околу 26 милијарди долари. Тоа за Африканците е добредојдено, вели Нгози Оконјо-Ивеала од Светската банка:

„Секоја година ни‘ недостигаат 48 до 49 милијарди долари за изградба на инфраструктура. Без нејзе на приватното стопанство не би можеле да му понудиме предуслови за инвестирање.“

Тоа ни оддалеку не е се‘

China und Afrika, Kooperation, Symbolbild
Африканските влади ги сакаат КинезитеФотографија: AP

Кинеските производи го имаат преплавено црниот континент - електрични апарати, алати, дури и апостолките и маиците се „Мејд ин Кина“. Тоа ја уништува, на пример, текстилната индустрија во Јужна Африка, се жали сопственикот на ткајачница од Замбија, Крис Мутонго: „Кинеските производи се многи евтини. Често се прашувам како можат да бидат поевтини од нашите производи?“

Критичарите зборуваат за жолти колојанилисти. Тие лиферуваат готови производи. Африка ја гасне жедта за суровини на една економија која расте се‘ побрзо. Кина увезува огромни количества нафта, бакар, руда или дијаманти. Филип Идре, поранешен амбасдаор на Уганда во Кина, нагласува дека тоа не е експлоатација:

„Сите држави се заинтересирани за суровини. Во моментов, најголемиот дел од нафтата и минералите на Африка ги купуваат САД. Не знам од каде стравот дека Кинезите сами би можеле да ги потрошат сите резерви.“

Добивка за двете страни

Chinesischer Arbeiter in Addis Abeba, Äthiopien
Критичарите зборуваат за „жолти колонијалисти“Фотографија: AP

Трговскиот волумен меѓу Африка и Кина од 2000 година наваму е зголемен за повеќе од десетпати, и изнесува над 100 милијарди долари. Добивка за двете страни, вели Шао Веи Џијан: „Ние носиме технологија и обучуваме луѓе на лице место. Потоа, тие и самите ќе знаат и можат да си ги користат суровините.“

Африканските работници, пак, доколку воопшто добијат работа во некоја кинеска фирма, се жалат на минимални плати и лоши мерки за заштита. Еден од нив огорчено вели - нека си заминат веднаш дома: „Тие не се добри луѓе. Треба да се вратат од каде што се дојдени. Не ги сакаме овде!“

Но, африканските влади ги сакаат. Пекинг е великодушен кога станува збор за развојна помош, кредити и простување долгови и ветува ограничување на трговскиот суфицит со Африка. А, уште еден конкурент во борбата за богатствата на континентот ја зајакнува и преговарачката позиција. Според кенискиот експерт за Кина, Фирозе Мањи, сомнежите на западот се чисто лицемерие:

„Прво ни‘ проповедаат пазарно стопанство, а кога ќе ја загубат играта почнуваат да лелекаат. Тоа е бедно.“

Автор: Линда Штауде / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Жана Ацеска