1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУЛЕКС се распоредува на Косово

9 декември 2008

Мисијата на Европската унија на Косово, ЕУЛЕКС, почна да дејствува со почетните оперативни капацитети. Распоредувањето на нејзините членови на целата територија на Косово се одвива без проблеми.

https://p.dw.com/p/GCI4
Припадници на ЕУЛЕКСФотографија: AP

Шефот на мисијата ЕУЛЕКС, Ив де Кермабон на заедничкиот состанок со претседателот и со премиерот на Косово соопшти дека околу 1400 припадници на ЕУЛЕКС започнаа со работа на целата територија на Косово, вклучително и на граничните премини на северот.

Kosovo EU Yves de Kermabon Leiter der EU-Krisenmission EULEX KOSOVO
Францускиот генерал Ив де КермабонФотографија: AP

„Тоа значи дека утрината во 9 часот од УНМИК ја преземавме одговорноста за редот и законот на Косово. Тоа беше сторено во тесна соработка со косовската влада“, рече Ив де Кермабон.

Тој нагласи дека припадниците на ЕУЛЕКС без никакви проблеми се распоредиле и на северниот дел на Косово, каде што живее мнозинско српско население.

„Во моментов имаме околу 100 припадници во северниот дел на Косово. Тие се присутни и на граничните премини“, додаде шефот на ЕУЛЕКС.