1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ со препораки за Западен Балкан

16 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/BrMN

Министрите за надворешни работи на ЕУ на средбата во Луксембург ги повикаа Белград и Приштина да останат во преговарачкиот процес и да покажат подготвеност за компромис. Во усвоените заклучоци за Западниот Балкан, се оценува дека досегашниот тек на преговорите за идниот статус на Косово е конструктивен. Министрите го поздравија и вчерашното потпишување на Спогодбата за стабилизација и Асоцијација меѓу ЕУ и Црна Гора. Во текстот се поздравуваат и напорите на високиот претставник на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина, Мирослав Лајчак во спроведувањето на реформите во земјата, особено во доменот на полицијата. Според министрите, спогодбата за полициски реформи е клучното прашање и еден од предусловите за Босна да ја потппише Спогодбата за стабилизација и асоцијација со ЕУ.