1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ се подготвува за мисијата на Косово

15 септември 2007

Во решавањето на иднината на Косово клучна улога сака да одигра ЕУ, која во меѓувреме се подготвува за преземање на мисијата во покраината

https://p.dw.com/p/BgEa
Фотографија: bilderbox

Во ОН речиси никој веќе не размислува за преговорите со Србија. Многу жители на Косово очекуваат помош од ЕУ. Тие сакаат да бидат независни и ЕИ би требало да даде се од себе да се постигне таа цел. Еве што велат некои од жителите на Приштина:

„ Имаме голема надеж дека нашата желба ќе биде исполнета„ вели една жена. Нејзиниот сограѓанин е со пионакво мислење:

„ Европа постојано не лажеше. Тоа не смее да се случи уште еднаш. Постојано ни зборуваа, разговарајте со србите. Но, тоа не носи ништо. Што донесе мисијата на НАТО?

ЕУ мора да биде посебно подговтвена

Косовските албанци и србите до декември уште еднаш треба да се обидат сами да го решат проблемот. Меѓутоа се повеќе политичари во Европа се на мислење дека двете страни не можат да се договорат. Шефот на УНМИК на Косово, Јоахим Рикер предупредува:

„ За да знае како натаму, ЕУ мора да биде посебно подготвена„

Подготовките за преземање на управата во меѓувреме течат во полн ек. ЕУ сака да докаже дека проблемите пред своите врати може да ги реши со сопствени сили. Цел на ЕУ е да се дојде до независност без поддршка на одрдени закључоци на ОН. Кон тоа треба да се додаде и јасното не на српскиот претседател Борис Тадиќ:

„ Србија е проти независноста на Косово. Србија исто така е против какво било еднострано прогласување и еднострано признавање на незавиоснсота на Косово„ изјави Тадиќ

Албин Курти, лидер на косовското движење Самоопределување пак предупредува дека на Косово може да дојде до немири доколку дојде до присилна одлука на ОН:


„ Советот за безбедност ќе се занимава со Косово само тогаш кога со тоа ќе се согласи и Србија„

Тоа не смее да се случи. Во советот за безбедност на тој начин нема да се пронајде решение на проблемот. Основа за европската алтернатива е планот на Марти Ахтисари. Унијата мора да ја преземе воената и политичката одговорност за Косово. Меѓутоа нејзините капацитети за тоа не се доволни. Во Брисел во моментов се проверува дали може да се побара помош од НАТО. Во таков случај под команда на ЕУ, на Косово би останале голем дел од меѓународните сили. Од разговорите со НАТО, зависи дали Европа на Косово ќе го истакне своето знаме.