1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ сака активни и конструктивни преговори за статусот на Косово, без еднострани решенија

8 ноември 2005

Шефовите на дипломатиите на ЕУ на синоќешната средба во Брисел ги повикаа Белград и Приштина со доверба и конструктивност да се вклучат во преговорите за конечниот статус на Косово. Минситрите го именуваа преставникот на Унијата во преговорите и закључија дека е неприфатливо еднострано решение на проблемот.

https://p.dw.com/p/AceL
Џек Строу и Хавиер Солана
Џек Строу и Хавиер СоланаФотографија: AP

Германецот Штефан Лене ќе биде преставник на Унијата во преговорите за конечниот статус на покраината. Германскиот политичар работи во делот на Унијата задолжен за состојбите на Западен Балкан и важи за најблизок соработник на Хавиер Солана. Лене, ќе биде помошник на главниот преставник на ОН во преговорите Марти Ахтисари кој во Брисел размени мислење со шефовите на дипломатиите околу актуелната состојба.

Британскиот министер за надворешни работи Џек Строу на прашањето кога би можело да се очекува да бидат завршени преговорите околу статусот, изјави:

„ Претседателот Ахтисари самиот нагласи дека ќе биде тешко да се одреди временски рок. Тој порача дека е важно преговорите да почнат што е можно побргу и да продолжи таквото темпо, со што сите сме согласни. Ја нагласи неопходноста од подобрување на стандардите на управување во покраината, дури и во време кога заедно и на меѓународно ниво сакаме да биде решен неговиот статус„

Тоа пред се се однесува на стандардите за заштита на малцинските права и децентрализацијата, кои би помогнале решението за статусот да биде одржливо подвлече Строу

Еврокомесарот за проширување Оли Рен нагласи дека нужно ед а се остварат и стандарди и статус.

Неопходноста од спроведување на стандардите ја нагласи и Високито преставник за надворешна политика и безбедност Хавиер Солана. Без разлика каков статус ќе добие Косово според него ќе биде дел од Унијата:

„Без разлика дали ќе биде независно или во договор со некоја држава за европските партнери е најважно да обебзедиме соработката на релација Приштина Белград како и во односите со соседните земји со цел на регионот на Балканот да завладее просперитет и мир„

Минситрите на Унијата закључија дека решението на статусот мора да обезбеди економско политички развој на покраината која нема да преставува воено безбедносна закана за соседите. Препораката до Белград и Приштина е активно и конструктивно да учествуваат во преговорите. Во процесот е значајно да учествуваат малцинствата во покраината, посебно србите.

Унијата го повтори ставот дека решението не треба да значи враќање на состојбата пред војната во 1999, односно дека покраината не може да биде поделена или споена со друга држава.

Дијалогот помеѓу српските и косовските власти го поддржува и Москва, изјави во Приштина, шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров по разговорите со претседателот Ибрахим Ругова. Лавров го повтори ставот што претходно го соопшти и во Белград по разговорите си политичкото раководство, дека статусот на покраината треба да биде решен во согласност со резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН, без какво било наметнато решение.

Министерскиот совет на Унијата на средбата во Брисел даде препорака за почеток на преговори за стабилизација и асоцијација со БиХ. Советот ги прифати закључоците на Европската комисија и ги повика органите на Унијата што е можно побргу да го преиспитаат предлогот за насоките за преговори со властите во Сараево. Иако синоќа не беше утврден датумоит за почеток, министрите го поздравија значајниот напредок во спроведфувањето на реформите, посебно во полицијата.