1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ: рекордна казна за Гугл

СН/ агенции
27 јуни 2017

Повеќето интернет корисници пребарувањето го почнуваат на Гугл. Но често не добиваат соодветни резултати, веќе подолго време смета Европската комисија и сега изрече парична казна во милијарди

https://p.dw.com/p/2fTQK
Google startet 'right to be forgotten' Formular für Entfernung von Inhalten
Фотографија: picture-alliance/ROPI/Eidon/Scavuzzo

Европска унија го казни Гугл со рекордна паричен износ од 2,42 милијарди евра поради злоупотреба на доминатната позиција на пазарот на интернет пребарувачи со цел да ја изгради својата продажна услуга. Со други зборови американскиот интернет концерн треба да ја плати оваа парична казна затоа што неговите понуди за онлајн шопинг ги нуди како први резултати од пребарувањето и со тоа  ги оштетува неговите конкуренти.  

Европските регулатори му дадоа на технолошкиот гигант 90 дена да го запре незаконското делување или ќе се соочи со пенали и до 5 насто од просечниот дневен глобален приход на компанија-мајка Алфабет. Ако се земе предвид неодамнешниот финансиски извештај на оваа компанија, казната може да достигне 14 милиони долари дневно. Износот на казната е многу поголем отколку што беше претходно најавено. Маргрете Вестагер, еврокомесарката за пазарна конкуренција, ја потврди донесената одлука за казната. „Гугл донесе многу иновативни производи и услуги кои ги променија нашите животи. Тоа е добра работа. Но, стратегијата на Гугл за промоција на своите продажни услуги не беше само привлекување на купувачите и продажба на подобри производи од конкуренцијата. Наместо тоа, Гугл ја злоупотреби доминацијата на пазарот промовирајќи ја својата продажна услуга, а ја опстуираше конкуренцијата“, изјави таа.

Margrethe Vestager
Маргрете ВестагерФотографија: Dunand/AFP/Getty Images

Тоа е, како што истакнуваат во Брисел, незаконски во ЕУ. Гугл не им дозволува на другите компании да се борат чесно и не им дозволува на купувачите да имаат слободен избор на услугите и целосна полза од иновациите.

Гугл ги негира обвинувањата и тврди дека резултатите од пребарувањето ги формира на начин кој им помага на корисниците да го најдат полесно тоа што го бараат.

Со оваа казна е надмината пртходната рекордна казна која е изречена во монополскиот случај против американскиот производител на чипови Интел во износ од 1,06 милијарди евра.

EU eröffnet Missbrauchsverfahren gegen Google
Фотографија: picture-alliance/dpa/O. Berg

Од Гугл изјавија дека „со должна почит“ не се согласуваат со одлуката и во моментот разгледуваат дали ќе се жалат на одлуката. Портпаролот на компанијата рече и оти Гугл на корисниците на интернет им прикажува огласи за купување и ги поврзува со илјадници огласувачи, големи и мали, од што имаат заедничка полза.

Гугл и порано соопшти оти Амазон и Ибеј имаат поголемо влијание врз навиките на потрошувачите.

Одлуката следува една година откако Вестагер ја шокираше светската јавност и ја налути администрацијата на поранешниот претседател на САД, Барак Обама, со наредбата компанијата Епл да плати 13 милијарди евра поради заостанат данок на промет во Ирска.