1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ на Косово патува во непознато

12 февруари 2008

Дали Косово ќе ја прогласи независноста следниот викенд или парламентот во Приштина само ќе ја најави,последната битка за Косово, ова се само некои од насловите во германските весници

https://p.dw.com/p/D6Nx
УНМИК на КосовоФотографија: picture-alliance/ dpa

Весникот Ное Цирише цајтунг дури ја објавува и неофицијалната програма на прославата во Приштина, пишувајќи: Косовските филхармоничари веќе забрзано ја вежбаат химната на ЕУ, Одата на радоста, бидејќи Косово сеуште нема своја химна. За в недела вечер е предвиден огномет во Приштина. Премиерот Тачи најави дека веќе има гаранции од стотина држави за признавање на независноста на Косово. Очигледно е предвидено завршната свеченост да се одржи во март до кога е предвидено парламентот да ги усвои законите предвидени со планот на Ахтисари. Силите на КФОР се во состојба на готовност посебно во поделениот град Митровица, каде се очекува Србите исто така да прогласат отцепување на северниот дел на Косово од новонастанатата држава, пишува Ное Цирише цајтунг. Владата во Приштина за свеченоста по повод прогласувањето независност на Косово одделила милион евра, пишува денешен Зидојче цајтунг во текстот со наслов Последната битка за Косово, во кој стои: Политичарите од Приштина се надеваат дека министрите за надворешни работи на ЕУ веќе в понеделник, еден ден по прогласувањето независност, ќе донесат одлука за испраќање мисија на Косово, а дека до 10 март сите држави од Унијата и официјално ќе ја признаат независноста. Истовремено на коалиционата влада на Србија и се заканува распаѓање, што многумина политичари и го посакуваат, зашто никој во Белград не сака да биде на власт во моментот кога се губи Косово. За мисијата која ја подготвува ЕУ за српската покраина Франкфуртералгемајне цајтунг пишува дека е тоа пат во непознато: Косово официјално ќе прогласи независност , но таа нема да биде фактичка. Шефот на идната мисија на ЕУ ќе има широки овластувања, слични на оние кои ги има високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ. Тој ќе има право да анулира закони,да сменува политичари, да дава согласност за именување лица на јавни функции. Неговиот заменик нема да биде Европеец, туку Американец, а САД учествуваат и во финансирањето на мисијата. Оваа мисија во секој случај е пат во непознато, зашто нема мандат од ОН. Постои веројатност од Приштина да се повлече ОБСЕ, зашто тоа ќе го наметне Русија. Истовремено на Косово ќе остане да работи мисијата на ОН, УНМИК, која е со мандат од ОН со резолуцијата 1244. Членовите од неа ќе мораат да го претставуваат Косово на регионалните средби, зашто Србија нема да го признае, ниту неговите официјални претставници. Планерите во Брисел по секоја цена сакаат да избегнат новата мисија да ги повтори грешките на некои поранешни, од Косово до Авганистан, кои често беа засолниште за политичарите кои не нашле перспектива во сопствените земји. Тие често во петок не доаѓаа во своте канцеларии, зашто веќе беа во авион на пат кон дома, исцрпени од напорната недела во која на своето работно место поминале дваесетина часа, констатира саркастично Франкфуртер алгемајне цајтунг.

►◄