1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ мисија на Косово

5 февруари 2008

По претседателските избори во Србија и победата на Борис Тадиќ, ЕУ и формално се согласи околу испраќањето на мисијата на Косово. Конечната одлука за нејзиниот старт треба да ја донесе советот на министри на Унијата.

https://p.dw.com/p/D2jV
БриселФотографија: AP

Дипломатски извори од Брисел пренесуваат дека министрите за надворешни работи на ЕУ веројатно ќе дадат зелено светло за мисијата на Косово на редовниот месечен состанок, закажан за 18 фебруари. Одборот за политика и безбедност на Унијата ги усвои правните модалитети и концептот само ден по победата на Борис Тадиќ на претседателските избори во Србија.

Мисијата на ЕУ се состои од 1 800 полицајци и правни стручњаци кои ќе ги преземат задачите од луѓето на ОН кои се во покраината под капа на Резолуцијата 1244 на ОН. На Косово и натаму ќе останат и 16-те илјади војници на НАТО. Од извори блиски на унијата се дознава дека специјален претставник на ЕУ во предвидената мисија ќе биде холандскиот дипломат, Питер Фејт.

Сеуште ништо не е одлучено

Романија и Кипар инсистираа мисијата да биде одобрена по вториот круг избори во Србија, но и пред прогласување независност на Косово, зашто во спротивно, би се јавил проблем со правната основа на мисијата. И двете земји членки на ЕУ веќе најавија дека нема да признаат еднострано прогласена независност на Косово.

Во меѓувреме приштинскиот весник „Коха Диторе„ пишува дека независноста веројатно ќе биде прогласена на 17 февруари, ден пред состанокот на шефовите на дипломатиите на Унијата, на кој би можело да биде усвоен политички став за признавање на независноста. Шефот на словенечката дипломатија Димитриј Рупел синоќа изјави дека во Унијата сеуште ништо не е одлучено. Знаеме за повеќе датуми, но се разбира дека одлука нема, барем не во ЕУ, изјави Рупел.

Инаку според информациите од Брисел, Србија веројатно во четврток ќе го потпише договорт за соработка со Унијата. Такво нешто најави дека очекува Еврокоемсарот за проширување, Оли Рен.