1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ министрите разговараа за Косово и Србија

18 октомври 2006

Ако дојде до одложување на одлуката за идниот статус на Косово , тогаш ќе се работи замо за неколку недели или месеци , а то би можело да се случи поради евентуалните избори во Србија во декември годинава“ – изјави претседавачот со Советот на министри ,шефот на финската дипломатија , Ерки Туомиоја .

https://p.dw.com/p/Adhk
Германскиот министер за надворешни работи Штајнмаер -иден претседавач со министерскиот Совет на ЕУ
Германскиот министер за надворешни работи Штајнмаер -иден претседавач со министерскиот Совет на ЕУФотографија: AP

Преговорите се наоѓаат во одлучувачка фаза , нагласи германскиот министер за надворешни работи , Франк Валтер Штајнмаер, додавјќи дека прашањето на статусот ќе бара голем ангажман на германското претседателство со ЕУ во наредната година.

Во своите заклучоци министрите за надвореши работи на ЕУ од двете страни во преговорите за статусот на Косово , побараа конструктивен дијалог со специјалниот пратеник на ОН , Марти Ахтисари .

Министерскиот Совет повтори дека му дава целосна подршка на Ахтисари во неговите напори во политичкиот процес во кој би се одредил идниот статус на Косово . Министрите ги повикаа властите во Белград да ги охрабрат Србите на Косово да се вклучат во косовските институции , во кои најдобро ќе ги застапуваат сопствените интереси.

Во едночасовната расправа на министрите за надворешни работи за Србија , некои држави и тоа Словенија , Унгарија , Грција и Австрија се изјаснија за тоа дека со Србија сепак треба да бидат продолжени преговорите за Договорот за стабилизација и асоцијација , но таквото барање жестоко го отфрлија финското претседателство , Германија , велика Британија , Франција и Холандија .

Посебно шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмаер во расправата нагласи дека продолжувањето на преговорите за Договорот за стабилизација и асоцијација без исполнување на целосна соработка со хашкиот Трибунал , би претставувало загрозување на веродостојноста на Европската Унија. Претседавачот со министерскиот Совет , Туомиоја притоа додаде:

„Нема никаков напредок, а вчера имавме и состанок со госпоѓата Карла Дел Понте која ја изнесе својата проценка оти и натаму нема прогрес , кој би го променил нашиот став во министерскиот Совет .

Претседателот на министерскиот Совет на крајот порача :

„Сакам да ја нагласам европската перспектива на Србија и сакаме да се ангажираме околу Србија . А постојат неколку конкретни теми , како визните олеснувања . Очекуваме дека во наредните неколку месеци ќе тргнеме чекор напред . Остануваме на надешта дека пречката за продолжување на преговорите за договорот за стабилизација и асоцијација со Србија ќе биде отстранета . Но тоа секако останува да биде работа на Србите“ – порача финскиот министер за надворешни работи Ерки Туомиоја.