1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ и Јапонија потпишаа договор за слободна трговија

СН/ агенции
17 јули 2018

Цели пет години се преговараше. Сега ЕУ и Јапонија ставија потпис на заедничкиот договор за слободна трговија. Тој треба да стапи во сила во 2019 година и да отстрани 99 насто од сите царини меѓу двете страни.

https://p.dw.com/p/31aOs
Japan Tokyo - Donald Tusk, Shinzo Abe und  Jean-Claude Juncker
Фотографија: picture-alliance/AP Imags/T. Joko

Договорот за слободна трговија кој денеска го потпишаа Европска унија и Јапонија претставува „јасна порака“ против протекционизмот, изјави денеска во Токио претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.

„Праќаме јасна порака дека сме против протекционизмот“, рече Туск на конференцијата за новинари, алудирајќи на американските царински тарифи кои ги воведе Донал Трамп.

„Покажуваме дека сме многу посилни и оти сме во подобра позиција кога работиме заедно“, изјави на конференцијата за новинари и претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер.

Повеќе:

-Кина против САД: војна за економска превласт

-ЕУ воведува контра-царини за производи од САД

-Трамп ризикува трговска војна со Европа и Кина

Japan Tokyo - Donald Tusk, Shinzo Abe und  Jean-Claude Juncker
Фотографија: Reuters/K. Sasahara

Состанокот во Токио првично беше планирано да се одржи во минатата недела во Брисел, но јапонскиот премиер Шинзо Абе беше приморан да ја откаже посетата поради поплавите во западниот дел на Јапонија, каде настрадаа над 200 лица.

Договорот меѓу ЕУ и Јапонија предвидува зона на слободна трговија која покрива речиси една третина од светsкиот бруто домашен производ. Овој договор претставува „силен знак“ против американскиот протекционизам, оцени европската комесарка за трговија Сесилија Малмстром.