ЕУ-Западен Балкан
16 октомври 2007Советот изрази жалење задарди фактот што лидерите во БиХ не покажаа воља за договор врз основа на темелите на трите принципи на ЕУ. Забележан е одреден напредок околу политичкиот ангажман но истовремено се бара поголема одговорност на политчкото раководство кон населението во БиХ и нивната желба за приближување кон ЕУ.
Клучно прашање за потпишување на договор за стабилизација и асоцијација е договорот за реформа на полицијата. Следниот состанок на советот за имплементирањето на мирот во БиХ ќе се одржи на 30 и 31 овој месец.
Главниот хашки обвинител Карла Дел Понте во своето обраќање пред министрите во врска со соработката на земјите од Западен Балкан изјави дека во делот со Србија таа е е подбрена но сеуште недоволна. Дел Понте бара поголема активност од Белград, посебно околу пасењето на Ратко Младиќ:
“ Апсењето на Младиќ е прашање на политичка воља. Инсистирам на мојот став дека тој е на дофат на Белград“ рече Дел Понте и додаде:
“ За мене чашата е полупразна бидејќи ги немаме Караџиќ и Младиќ. Меѓународната заедница тоа веќе не може да го прифати. Сите политички проценки, освен двајцата да се најдат во Хаг веќе не вредат“
Дали ваквата оценка на Дел Понте ќе се одрази врз потпишувањето на договорот за стабилизација и асоцијација со Белград засега е отворено. Еврокомесарот за проширување Оли Рен во врска со ова изјави:
“ Го повикав Белград на сериозна и интензивна соработка, која ќе води кон целосна соработка. Оценките на Дел Понте ќе бидат земени во предвид кон крајот на овој месец“ изјави Рен
Инаку шефовите на дипломатиите на Унијата го поздравија досегашниот тек на преговорите за Косово како конструктивен. Тие ги повикаа Белград и Приштина да ги вложат сите напори за изнаоѓање решение за статусот на покраината.