ЕУ- Западен Балкан
21 март 2006ЕУ ќе продолжи да им пружа помош на земјите од Западен Балкан на патот кон членство во ЕУ. Министрите на Унијата ги охрабруваат земјите да продолжат со интензивирање на регионалната соработка, пред се околу создавањето на регионална зона на слободна трговија која се темели врз моделот на ЦЕФТА. Советот на министри со голем интерес ги очекува резултатите од претстојниот состанок на ниво на премиери од земјите од Западен Балакн, на 6 април во Букурешт. Шефовите на дипломатиите изразија задоволство и го поддржаа предлогот на Комисијата за поттикнување на контактите меѓу граѓаните од регионот и Унијата преку олеснување на визниот режим и одредена финансиска помош.
Министрите за надворешни работи изразија поддршка на српскиот народ во напорите за соочување и справување со владеењето на Слободан Милошевиќ. Тоа ќе му помогне на српскиот народ да го продолжи патот кон европското семејство на народи, каде и припаѓа. Уште еднаш е упатена порака за целосна соработка со судот во Хаг, односно преземањеконкретни мерки за апсење на Ратко Младиќ и Радован Караџиќ.
Високиот преставник за надворешна политика и безбедност Хавиер Солана го истакна како позититвен договорот околу уставните реформи во БиХ:
„ Тоа е многу позитивен развој кој ќе овозможи поголема функционалност и оперативност, посебно околу претседателството. Значи тројцата членови на претседателството ќе бидат поефикасни„
Министрите ги охрабрија властите во БиХ, вклучително и властите во Република Српска да гарантираат дека земјата ќе се најде во позиција да оставри постепен напредокво преговорите. Во тој контекст советот нагласи дека брзината и закључокот на преговорите за стабилизација и асоцијација ќе зависат пред се од остварениот напредок, посебно во делот на правосудството, реформи во полицијата и секако целосната соработка со хашкиот трибунал.
Што се однесува до идејата на германскиот канцелар Ангела Меркел за можноста од создавање посебно партнерство со земјите од Западен Балакн, Солана нагласи дека ЕУ останува на одлуките од самитот во Солун, кога беше отворен патот и перспективите за полноправно членство за сите земји од ЈИЕ.