ЕУ - ДУИ
19 мај 2007Реклама
Евроамбасадорот во Македонија Ерван Фуере изјави дека ЕУ е уверена оти ДУИ ќе се врати во парламентот по завршувањето на политичкиот дијалог. Иднината на Македонија зависи од консензусот што треба да се постигне меѓу сите партии и од реформите на патот кон ЕУ. Фуере беше во посета на Саемот за мали и средни претпријатија во Тетово, при што уште нагласи дека постои огромен потенцијал за отворање нови работни места токму во овој сектор.