1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕК: Западниот Балкан полесно до визи за ЕУ

21 јули 2006

Македонија ќе биде првата земја со која ЕУ ќе ги започне преговорите за олеснување на визниот режим, потврди минатата недела во Скопје, ЕУ амбасадорот Фуере. Европската комисија синоќа, препорача да се започнат преговори за олеснување на визниот режим и со другите земји од Западниот Балкан со што треба да се олесни процедурата за издавање и добивање виза. Поголемиот дел од условите важат и за Македонија. А

https://p.dw.com/p/Adif
Ќе се намалат ли долгите редови пред амбасадите?
Ќе се намалат ли долгите редови пред амбасадите?Фотографија: AP

�ен Леговиќ јавува од Брисел.

Откако во мај 2006 година е одреден мандатот за визни олеснувања за Македонија, Европската комисија на вчерашната седница даде и конкретни предлози и за останатите земји од Западниот Балкан. Еврокомесарот за правда и безбедност, Франко Фратини кој го даде предлогот изјави дека „наведените аргументи се клучни и важни. Од една страна тие осигуруваат дека луѓето кои илегално престојуваат во ЕУ ќе се вратат во нивните земји. ЕУ и споменатите земји секогаш ќе имаат корист од зголемената соработка воп борбата против организираниот криминал, корупција, илегалната миграција, ќе има подобра контрола на гранците и безбедноста на документите. Затоа ги охрабрувам земјите членки да го прифатат предлогот најбрзо што може“, изјави Фратини. Еврокомесарот задолжен за проширување Оли Рен додаде:

„Олеснувањето на визниот режим е многу важна работа за обичните граѓани во целиот регион, за патување, за студирање, за работа со земјите од ЕУ. Полесното добивање на виза за сите граѓани ја прави европска перспектива поконкретна“. Рен појасни на кого се однесуваат олеснувањата:

„ Опфатени се посебни категории кои ако предлогот биде прифатен полесно ќе добиваат виза. Тоа се студентите, научните работници, но тоа ќе се прецизира во текот на преговорите. Но, тоа значи дека граѓаните истоврмено ќе избегнат и зголемување на трошоците за визи за ЕУ, кои се планира да се зголемат од 35 на 60 евра. “

„Ова е прв чекор на патот патот кон целосна либерализација на визниот режим“, нагласи Рен потсетувајќи дека Бугарија доби визно олеснување во 2001,а Романија во 2002. Тоа покажува вели Рен дека доколку земјата докаже дека ги исполнува безбедносните услови, тогаш не постојат никакви пречки за олеснување. Комисијата на земјите членки им даде попис со олеснувања со кои би се поедноставила документацијата за барање виза и издавање на подолготрајни визи со што би се намалиле трошоците. Се уште не е одредено кој би бил најголемиот временски период на траење на една виза, со исклучок на дипломатските. Предлогот на ЕК би требало да стапи на сила во 2007 година.