1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕК e за отворање ново поглавје со Турција

ЕМФ/дпа/ртр9 септември 2016

И покрај острите мерки што турското раководство ги презема во земјата по обидот за пуч, ЕК се држи цврсто до контроверзниот процес на приклучување на Турција кон ЕУ.

https://p.dw.com/p/1JzCx
Фотографија: picture-alliance/AA/F. Aktas

„Турција беше, е и ќе биде кандидат за членство“, изјави денеска во Анкара еврокомесарот Јоханес Хан.

По дијалогот ЕУ-Турција, Хан и турскиот министер за европски прашања Омер Челик се изјаснија за отворање на поглавјата 23 и 24. Тие се однесуваат, меѓу другото, на правосудството и основните права и слободи. Хан изјави дека ЕК почнала со подготовки, а остатокот зависи од земјите членки на ЕУ.

Во судирот околу визната либерализација за Турција, Хан и турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изразија оптимизам дека ќе се најде решение. Предуслов за тоа, според ЕУ, е промена на турските антитерористички закони. Челик и Чавушоглу предлагаат за надминување на конфликтот да се вклучи и Советот на Европа.

Турција и ЕУ не се оддалечуваат