Една година потоа: Ќе успее ли Меркел?
24 август 2016Реклама
Пораката „Ќе успееме“ се уште одѕвонува во ушите на многу Германци. Нивната канцеларка Ангела Меркел и натаму ја повторува истата и тврди дека земјата може да се справи со напливот од над еден милион бегалци- претежно од војната во Сирија. Но, сомнежот, како и пред една година, останува, а Меркел е под огромен притисок и од домашната и од европската јавност.