1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Единствен став за Косово-тежок залак за ЕУ

15 декември 2007

Задоволството во ЕУ по потпишувањето на Реформскиот договор во Лисабон , брзо исчезна. На Самитот во Брисел -брзо отрезнување. И натаму без единство за прашањето:Како да се постави ЕУ кон независноста на Косово?

https://p.dw.com/p/Cbzy
Фотографија: picture-alliance / Sven Simon
Лидерите на државите членки на ЕУ брзо се договорија за тоа, дека српската провинција Косово, не може вечно да остане протекторат на ОН и оти натамошните преговори меѓу Србите и косовските Албанци за идниот статус немаат смисол. Практично се , води кон меѓународно надгледувана независност на Косово – изјави австрискиот канцелар Алфред Гусенбауер.
Терминот „независност“ го нема во завршниот документ
Но такво нешто не можат да прифатат повеќе држави . Пред се Кипар, Словенија и Грчка го одбиваат тоа. Поради тоа зборот „независност’ не се најде во завршниот документ од Самитот. Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер изјави:
“Се надеваме дека преку едно разумно однесување на одговорните во Косово , нема да се случат неразумни декларации во временски период, кој не е усогласен со меѓународната заедница . Истотака се надевам дека ние можеме заеднички да понесеме одговорност за тоа , да се гарантира стабилноста и да не дојде до ескалации во наредните денови и недели. Поради тоа целиот процес останува управуван процес“
Позитивни сигнали до Србија- можно е забрзано приближување кон ЕУ
За тоа , ЕУ треба да започне сопствена кризна мисија која ќе брои 1800 луѓе и треба да назначи специјален пратеник за Косово . Спорно е дали за ангажманот е неопходна согласност од Советот за безбедност на ОН. За оваа европска мисија , меѓутоа, Русија , која е против независноста на Косово, се закани со вето во Советот.
Шефовите на држави или на влади на замјите членки на ЕУ од Самитот испратија позитивни сигнали кон Србија . Во завршната декларација се вели дека приближувањето на оваа земја кон ЕУ може да биде забрзано. За тоа германската канцеларка Ангела Меркел изјави:
„ Кај прашањето Србија , заедничката линија е дека ние велиме дека посакуваме напредок на патот кон ЕУ а тоа би опфаќало и кандидатски статус. Ние и упативме јасен сигнал на Србија дека европската перспектива на земјата ја сметаме за можна но и посакувана“ Меѓутоа за да се случи такво нешто , мора најнапред да биде склучен Договорот за стабилизација и асоцијација со Белград. Тој договор лежи на тенок мраз , се додека генералот Ратко Младиќ не биде уапсен. По поранешниот лидер на армијата на босанските Срби веќе подолго време трагаат обвинителите на Хашкиот трибунал за воени злосторства кои сметаат дека тој се крие во Србија .