1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Европските левичари „се крстат“ во Сириза

Матијас Белингер/сн19 февруари 2015

Повеќе европски левичарски партии ја поддржаа грчката влада во преговорите со министрите за финансии на ЕУ. Тие се надеваат, дека сестринската Сириза во Грција би можела да инспирира и европско вртење во лево.

https://p.dw.com/p/1EePF
Фотографија: picture-alliance/dpa/Stephanie Pilick

Кога шпанската колешка почна да зборува, политичарот на Сириза, Теодорос Параскевопулос главата ја потпре на раката. На момент изгледаше дека се обидува да го задржи тој израз на лицето, за да не му побегне. Маите Мола од шпанската Обединета левица во тој момент зборуваше за тоа како може да се замисли во случај на победа на левицата на изборите да земат кредити од Русија или од Кина, доколку „ЕУ не ни’ даде доволно за храна“. Расправа за кредитите од Москва, е нешто последно што во моментов Параскевопулос го сака. Тој е економски советник на новиот грчки премиер Алексис Ципрас. Дури сега на грчката влада и’ појде од рака да ја смири ситуацијата во европските престолнини, откако политичари од новата влада шпекулираа за руски кредити како алтернатива на омразената Тројка, која ја сочинуваат Меѓународниот монетарен фонд, Европската централна банка и Европската комисија.

Од соседите да се направат просјаци“

Мола и Параскевопулос дојдоа во Берлин, за да демонстрираат единство на европската левица за време на тешките преговори на грчката влада со министрите за финансии на ЕУ. Покрај нив седеа и Пјер Лоран, генерален секретар на француските комунисти и претседателот на германската левица, Бернд Риксингер. „Не станува збор само за Грција, туку за цела Европа“, нагласи Риксингер. Во претходниот уште една преговарачка рунда за програма за помош на Грција беше завршена со неуспех. Една „мала група неолиберални политичари“, повторно се обиде да ја затвори вратата која ја отвори Сириза, вели Риксингер. Посебно германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле меѓу левите политичари важи за претставник на политиката која осиромаши голем дел од населението во земјите погодени со криза. „Тоа не е европска перспектива, од соседите да се направат просјаци“, истакнува Риксингер.

Brüssel Gipfel Treffen Alexis Tsipras
Фотографија: John Thys/AFP/Getty Images

Левите партии во Европа се инспирирани со победата на грчката Сириза. Тие веруваат дека смената на власта во Грција ќе значи пресвртница во цела Европа. „Победата на Сириза е доказ дека неолибералната политика не успеа“, оценува францускиот комунист Лоран и бара „нов социјален и економски почеток“. Мора да се зборува за простување на долговите за сите европски земји. Истотака, Европската централна банка во иднина би морала директно да ги финансира јавната инфраструктура и социјалните давачки. Тоа меѓутоа противречи на нејзиниот основен статут.

Левичарските политичари нагласуваат дека договор меѓу Грција и Еврогрупата е се’ уште можен. „Европејците се обврзани да постигнат договор“, смета Параскевопулос. Бидејќи владите во еврозоната ниту можат да оценат колкав би бил финансискиот ризик доколку Грција би ја напуштила ЕУ, ниту сакаат „на источното Средоземје да се создаде политичка нестабилност“. Со други зборови, тие би морале да спречат Грција да стане влезна порта за руските интереси во ЕУ.