1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕБОР стравува од политичката криза и јавниот долг

Б. Георгиевски/ртр/ебор11 мај 2016

Политичката криза и високото ниво на јавниот долг ја загрозуваат економската стабилност на Македонија, проценува Европската банка за обнова и развој во објавената анализа. ЕБОР со пооптимистична прогноза од Богов.

https://p.dw.com/p/1Ilm8
Фотографија: EBRD

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) стравува дека политичката криза и големиот раст на јавниот долг претставуваат голем ризик за македонската економија.

ЕБОР очекува македонската економија да продолжи да расте со стапка од околу 3 проценти во текот на 2016 и 2017 година, наведува Банката во проекцијата објавена денеска, но сепак предупредува од ризиците.

„Економијата на Реп. Македонија продолжи да расте со робустна стапка во 2015, а БДП таа година достигна раст од 3,7 проценти, помогнато од потрошувачката на домаќинствата, јавните инвестиции и силниот извоз“, се наведува во проекцијата.

„Очекуваме растот да остане над 3 проценти во 2016 и 2017 година. Сепак, негативните ризици се зголемија како резултат на политичката криза, додека големото зголемување на јавниот долг последниве години е уште еден извор на ризик“, сооштува Банката во објавената анализа.

Гувернерот на Народната банка, Димитар Богов минатата недела предупреди дека политичката криза може да има влијание врз економијата. Наспроти проценките на ЕБОР, Богов процени дека економскиот раст во Македонија годинава ќе се намали од 3,5 на 1,6 проценти. Богов прогнозира и намалена потрошувачка и инвестициите. НБРМ претходно ја зголеми и основната каматна стапка од 3,25 на 4 проценти.

Dimitar Bogov Chef der Zentralbank in Mazedonien
Димитар БоговФотографија: Agentur Makfax

Во интервју за ДВ во вторникот, и поранешниот гувернер на Народната Банка, Петар Гошев оцени дека нивото на јавниот долг во Македонија е загрижувачко. Гошев оцени дека мерките кои ги презема НБРМ се предизвикани од лошата политика на власта.

„Мерките на НБРМ не се резултат на шпекулации. Тие се резултат на реалното поведение на штедачите предизвикано од катастрофалните политики на власта во сите сегменти“, рече Гошев.